Connect with us

Македонија

Русковска: Во Македонија има многу корупција!

Published

on

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во ТВ 24 вели дека во Македонија има многу корупција.

Според неа не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите.

На прашањето како државата се носи со копрупцијата, Русковска рече дека давале се од себе.

„Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас“, рече Русковска.

Македонија

Јахоски се спаси од ќелија, доби куќен притвор

Published

on

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во однос на осомничениот А.Ј., по неговото произнесување пред судија на претходна постапка, го прифати предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Извор: Skopje1

Continue Reading

Македонија

Украдените пари ги префрлале во странство и си купувале „мерцедеси“ – ОЈО со детали за истрага за 13 физички и правно лице

Published

on

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево се лишени од слобода 11 лица.

-Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице. Постои основано сомнение дека десет лица како созвршители или помагачи сториле кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На двајца осомничени и на правното лице им се става на товар дека освен кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, додека едно лице е осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, информираат од ОЈО и додаваат:

-Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра, информираат од ОЈО.

Според информациите од Обвинителство во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ. Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат Договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година.

-Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Северна Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице.

Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на пет лица да им биде определена мерка притвор, од кои за едно лице мерката да се примени по неговото пронаоѓање. Едно лице осомничено и во предметот „Адитив“ веќе се наоѓа во притвор, додека за останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство, информираат од ОЈО.

Continue Reading

Македонија

Два супермаркети ќе одговараат за нефер трговски практики

Published

on

Комисијата за заштита на конкуренцијата преку соопштение информираше дека во изминатиов период извршила повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот. Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните лица и одговорните лица во истите ќе бидат изречени соодветни казни заради сторените прекршоци“, се вели во соопштението на комисијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк