Connect with us

Македонија

Од денеска РЕСТРИКЦИИ за ЗЕЈТИН !

Published

on

Министерството за економија препорача ограничувањето на купување на неколку шишиња без можност за купување на цели пакети. Доколку препораката не даде резултати – во вторник ресорното министерство одлука ќе достави и до Влада. 

Според надлежните причината за ваквиот чекор е значителниот пораст на побарувачката поради која се нарушува редовното снабдување и со цел да се избегне непотребен недостиг на масло за јадење.

Постои сомнеж дека маслото кое се купувало во големи количини од страна на поединци било препродавано во но и надвор од државава по повисоки цени. А на социјалните мрежи изминативе денови се забележаа и фотографии од маркети на кои одредени граѓани гупуваа и по 30 и повеќе литри зејтин.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека масло за јадење по маркетите нема. Дел од нив сметаат дека причината е токму правењето на домашни залихи, дел пак прстот го вперија кај самите трговци. Производители на масло за јадење во земјава досега неколкупати повторија, масло и залихи има, но побарувачката е зголемена. 

Колку мерката ќе се почитува ќе утврдува Државниот пазарен инспекторат. Надлежните со порака до маркетите доколку некој побара да купи поголема количина на зејтин веднашп да биде пријавен во пазарен. Инспкторите се веќе на терен и вршат контроли. Мерката ќе трае до 31 мај.

Македонија

СНЕЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа од вторник, температурите уште ќе опаѓаат

Published

on

Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува  и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.

На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка  и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање  и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени. Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.“, објави тој.

Continue Reading

Македонија

КАЛАЈЏИЕВ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЈОВАНОВ: „Апелација побрзала да си ја спаси кожата“

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев деновиве ја коментираше пресудата за момчето Јованов, кое ја прегази Фросина Кулакова.

„Апелација побрзала да си ја спаси кожата“, напиша професорот по Кривично Право.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Игор Југ: Болката е огромна, но неправдата е уште поголема

Published

on

Во овие тешки минути пред сè сакам да се заблагодарам до секој еден од вас. Бидете сите на број и нека никој не ја почувствува оваа болка и празнина.

Ви благодарам за секој еден пишан збор, за секоја една мисла пратена кон нас. Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика.

Бидете живи и здрави, ви благодарам од сè срце, во мое и во име на целото семејство.

Игор Југ – човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена беше да живеам без него, скоро осум години.

За да на крај и навистина си замине засекогаш…

Знам, и најдобро од сите го познавам – душата нема да му се смири сè додека оваа неправда не биде решена!!!

Тие што беа рамо до рамо со него се сведоци на онаа голгота која на сите до еден ни ги смени и уништи животите. Системот ги убива полека и тивко.

Народ… Жеден за сензитивни вести и статуси по Фејсбук, од тастатура се мрднува, верувајќи на збор. И зборот остана до ден-денес само празно ветување!!!

Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме… Една реченица да ме послушаше, сега уште ќе беше меѓу нас…

Денес ми е уште потежок ден од вчера. Самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене!

Се договоривме – нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Нè чува од таму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо.

За да не ни е лут – нема да плачеме од утре, освен денес.

Нека ни прости, тато!!!

Ние на него никогаш нема да му простиме што нè остави и си замина!!!

Го видовме на небото и го испративме. Му пративме бакнежи и молби да нè чуваат со бато Мартин… Да, тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина…

Напиша сопругата на Игор Југ, Ивана Југ на нејзиниот Facebook профил

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк