Груевски: Jанева бараше од мене да ги наместам другите за да бидам ослободен

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук се потсети на неколкуте средби што ги имал со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева на кои таа побарала тој да соработува со СЈО  и да го смени адвокатот. Предлогот бил тој да ги намести останатите обвинети како Јанкуловска, Јанакиески, Протугер за тој да биде ослободен.

Чекајте ве молам, дали тоа вие од мене барате да ги наместам другите за вие да ме ослободите мене?”, ја прашав.Па немојте така да ги сваќате работите, јас само барам да ни помогнете, да имаме соработка”И одговорив дека луѓето добро ги познавам и знам дека немаат никаква вина. Дека и тие како и јас сме под политички прогон и дека немам ништо во прилог што би и помогнало, а да местам некој невин, тоа не доаѓа во предвид.
“Добро”, одговори подналутена и веќе со поостар тон. Тогаш ние ќе продолжиме со нашата работа, по што по кратко ја завршивме средбата.Затоа Груевски смета дека е точно она што го говори таткото на Јане Ченто дека неговиот син добил понуда лажно да сведочи во замена за полесна казна.

Затоа Груевски верува во она што го говори таткото на Јане Ченто дека  неговиот син добил понуда лажно да сведочи во замена за полесна казна.

https://www.facebook.com/100044378201385/posts/538313307657938/