Connect with us

Македонија

Од магацинот на Охридската касарна украдено оружје за цела чета!?

Published

on

Магацинот во склоп на Охридската касарна ,,Михајло Апостолски” бил составен од три простории во кои се чувала поголема количина на сандаци со боева муниција 7.62, рачни бомби и гранати сопственост на Полициската страница од општа надлежност од Охрид, дознава Курир од свои извори.

Од извор кој беше вклучен во увидот констатирано е дека одземени се поголем број на сандаци со боева муниција 7.62мм, поголема количина на сандаци со рачни бомби и гранати и друга опрема.

-Кражбата е извршена со возило кое било паркирано до оградата од касарната која пред неколку дена била исечена, по што сторителите со употреба да подесен предмет ја обиле главната врата од магацинот и го одзеле оружјето. Од СВР Охрид незнаат колкава количина на оружје е одземено, поради тоа што немале евиденција колку оружје имало внатре во магацинот. Се шпекулира дека високи структури односно старешини од Р.Ц. Запад индирекно се вмешани во кражбата. Не се само шок бомби… вели извор за Курир.

Македонија

Почина познатиот актер – Сите ќе го паметат по оваа легендарна серија

Published

on

Ќе го паметиме по улогата на слеп свештеник во познатата серија.

.Брус Френч, кој го толкуваше отец Лониган во серијата „Passion“, почина на 79-годишна возраст. 

Френч беше во брак со Ајлин Барнет, поранешна актерка од „Денови на нашите животи“.

Како што пренесуваат странските медиуми, Брус Френч починал во петокот во Лос Анџелес од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест. 

Болеста му била дијагностицирана пред четири години. 

Роден е на 4 јули 1945 година во Рајнбек, Ајова. 

Дипломирал на Универзитетот во Ајова и служел во американската армија за време на Виетнамската војна. 

Подоцна студирал глума на Тиш школата за уметност на Универзитетот во Њујорк. 

Во серијата „Passion“, Френч го толкуваше слепиот свештеник Лониган во сите девет сезони, од 1999 до 2008 година. 

Актерската кариера ја започна во 1972 година во претставата на Бродвеј „Сенка на пиштолџија“.

Continue Reading

Македонија

Муцунски: Продлабочување на економската соработка со Австралија

Published

on

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Австралија оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Муцунски пред претставниците на бизнис-заедницата ги претстави инвестициските поволности што ги нуди државата, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи.

Continue Reading

Македонија

Познат датумот кога ќе проработат камерите – казните ќе доаѓаат на домашна адреса

Published

on

Од почетокот на наредната година камерите кои се поставуваат во Скопје и низ уште неколку градови ќе бидат целосно функционални и ќе почнат да испраќаат казни на домшана адреса.

„Јас сум убеден дека системот ќе стартува на 1 јануари 2026 година“ – рече Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за 360.

Системот е речи си поставен во главниот град, а Премиерот Мицкоски на последниот брифинг со новинарите не ја отфрли можноста во Скопје системот да проработи и пред Нова Година, со тоа што како што најави тој, во првата фаза на граѓаните дома ќе им пристигнуваат само опомени, додека по Нова Година би доаѓале казните.
Мицкоски рече дека станува збор за најсовремена опреа од израелски производител која дава широка лепеза на можности за казнување.

Во меѓувреме, во Собранието помина јавната расправа за измени на казнената политика во делот на безбедноста во сообраќајот, а експертската јавност побара построги казни за возачите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк