Connect with us

Македонија

(Видео) ПЕТКОВ СО ХЕЛИКОПТЕР ВО БИТОЛА: Уааа, гробари, свирежи кон делегацијата од Бугарија

Published

on

Бугарскиот премиер, Кирил Петков заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева пристигнаа во Битола.

Петков на настанот пристигна со хеликоптер.

Граѓаните ја исвиркаа делегацијата од Бугарија. Собраните луѓе викаа кон Петков и останатите: „Гробари“!

Доаѓањето на Петков со хеликоптер во Македонија и настанот може да го погледнете на видеата кои ги објавуваме:

Македонија

Тешка кражба во тетовско

Published

on

На 04.11.2024 во 11.35 и во 12.20 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Љ.З.(36) од с.Боговиње и Е.Н.(32) од с.Горно Седларце. Тие се сомничат дека во периодот од 01.00 до 06.00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на Н.И.(55) од с.Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајна несреќа кај надвозникот за Брвеница

Published

on

Денеска (05-ноември) во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница, патничко возило ,,сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(22) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Божиновска: Со Чешка ги зајакнуваме економските врски и отвораме нови можности за инвестирање

Published

on

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, престојуваше во работна посета на Прага, каде што се одржа продуктивна средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек. Целта на средбата беше зајакнување на економските врски помеѓу Северна Македонија и Чешка, како и отворање нови можности за инвестирање.

„Нашите дискусии ја истакнаа важноста на економската соработка меѓу двете земји и ги отворија вратите за нови инвестиции и идни можности,“ истакна Божиновска.

Таа нагласи дека со продлабочувањето на партнерството со Чешка, се создава стабилна основа за раст и развој на двете земји. Дополнително, Божиновска ги охрабри сите заинтересирани, особено во енергетскиот сектор, да ги препознаат можностите што ги нуди ова стратешко партнерство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк