Connect with us

Македонија

Ковачевски три пати му се јавувал на Вучиќ да бара пченица!

Published

on

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека соработката меѓу членките на иницијативата Отворен Балкан фунцкионира одлично и дека претставниците на трите земји се во постојан контакт, особено сега кога има криза со пченица и масло за јадање.

Димитар Ковачевски ми се јавуваше трипати и секој пат издојувавме количини за Македонија. Тоа е работа на премиер, ние сме другари и гледаме да го решиме проблемот. Гледаме колку имаме да загрозиме за да не ја загрозиме Србија-изјави Вучиќ вчера за „Пинк“.

Македонија од почетокот на војната во Украина набавува пченица, пченка и суровина за правење на масло за јадење.

Македонија

Меџити: Обезбедивме 6 еколошки автобуси за ЈСП Скопје, а планираме уште 120 електрични за целата држава

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, објави дека Министерството со поддршка од Европската Унија успешно обезбедило 6 еколошки автобуси кои ќе бидат донирани на ЈСП Скопје во текот на наредната недела.

„Ја разгледуваме и можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси, со што би понудиле одржливо решение за јавниот превоз во земјата и значително би го подобриле квалитетот на воздухот, особено во Градот Скопје,“ истакна Меџити.

Предвидено е новите автобуси да бидат распределени не само во Скопје, туку и во други општини со организиран јавен превоз. Меџити подвлече дека Владата ќе продолжи да работи напорно за доброто на граѓаните, ставајќи ја нивната благосостојба во прв план.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта

Published

on

„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.

Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.

Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.

Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. (Фокус)

Continue Reading

Македонија

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Published

on

Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка.

– На 22.11.2024 година во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Апел за негово пронаоѓање се врти и по социјалните мрежи.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ.Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат некоја информација да се јават во најблиската полициска станица или на број +38970568382.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк