Connect with us

Македонија

Димитров: Оваа антимакедонска и непријателска изјава на Радев е врвен скандал!!!

Published

on

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров, смета дека денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев за македонскиот идентитет е е дрска, безобразна и непристојна.

Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат, е неписмено. Сите нации на светот се општествени творби, општествени конструкции. Резултат на конкретен и сложен сплет на историски настани и процеси. Бидејќи тука не се работи за гените, тука се работи за чувство на заедништво. Поделбата на природни и вештачки од природните науки оттука е неприменлива во овој контекст, вели Димитров.

За поранешниот министер, изјавата на Радев е навреда и говор на омраза.

-Тоа што оваа изјава доаѓа од државниот врв во Софија е врвен скандал. Изјавата очигледно е антимакедонска и непријателска. За да зборуваме за некаква антибугарска политика кај нас, треба да зборуваме за Бугарите. Ние немаме ама баш никакво барање кон Бугарија, освен да не’ почитува. Овде се работи за нас, ние сме предмет на изјавата, како што впрочем ние сме предмет и на антиевропскиот спор. Таа се бави со македонскиот идентитет, го нарекува фалсификат на комунистичката интернационала. Ова е крајно опасен наратив, незамислив во демократска Европа. За жал, идентичен на наративот на Путин кон соседна Украина. Замислете комшии, претседател на соседна земја да ви каже дека бугарскиот идентитет ви е нечиј фалсификат. Ставете се на наше место, макар за миг, колку и тоа да ви е незамисливо. Исто толку ни е незамисливо и нам, потенцира Димитров.

Македонија

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Невреме од ниво 3 и се заканува на Македонија, еве за кои делови од земјава важи тоа

Published

on

Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, предупредува дека денес постои зголемен ризик од невреме (Ниво 3) во Македонија.

Д-р Владо Спиридонов на својот фејсбук профил објави дека во текот на денешниот ден, Југоисточна Европа и Македонија ќе останат под влијание на нестабилна синоптичка ситуација – пространа долина со намален притисок на висина и прилив на поладен воздух над северозападниот дел од Апенинскиот Полуостров.

“Околу пладне се очекува формирање на два изолирани центри со низок притисок – едниот ќе се движи кон Јонското Море, а другиот кон југозападниот дел од Црното Море. Ова ќе придонесе за засилена атмосферска дестабилизација.

Попладне се очекува развој на влажен фронтален бран проследен со појава на нестабилности и развој на грмотевични облаци. Врнежите прво ќе го зафатат источниот дел од земјата, а потоа ќе се прошируваат кон централниот регион.

Најобилни врнежи и потенцијално неповолни временски појави се очекуваат во источните и централните делови од Македонија – особено во Велешкиот регион, каде системот NOTHAS веќе има означено Ниво 3: Зголемен ризик од невреме.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, особено попладне и во вечерните часови. Следете ги официјалните информации и бидете подготвени доколку условите се влошат.”, стои во објавата на Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“

Published

on

Во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани во средата навечер ограбен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, објави Сител.

Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот.

Настанот се случил ден по Велигденските празници.

– Во текот (23.04.2025 година) на ноќта манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија на официјалната фејсбук страна од црквата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Извор: СИТЕЛ

Continue Reading

Македонија

Богојески го отпушти советникот на Заев

Published

on

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, му дал отказ на Ѓорѓи Тасев, поранешен советник за млади на премиерот Зоран Заев.

Информацијата беше потврдена од свиркач во институцијата, а Богојески, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека „престанала потребата од работен ангажман на г. Тасев“ во Агенцијата.

Од Националната агенција потврдија дека е прекинат работниот однос со неколку надворешни соработници, со образложение дека повеќе не постои потреба за нивно ангажирање на позициите согласно договорите.

„Агенцијата ќе продолжи да се придржува кон принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност во своето работење“, соопштија од институцијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк