Connect with us

Македонија

Радев: Македонскиот идентитет e фалсификат на комунистичката интернационала

Published

on

Бугарскиот претседател Румен Радев продолжува со изјавите за наводна антибугарска идеологија во Македонија и дека македонскиот идентитет е измислен од комунистичката интернационала. Зборувајќи пред бугарските новинари, тој кажа и дека за време на „југословенската диктатура“ во Македонија, десетици илјади Бугари биле носени во концентрациони логори.

„Време е антибугарската идеологија, која што вирее во Република Северна Македонија и очигледно ги труе нашите односи и намерно го подрива патот на земјата кон Европската унија, да остане во минатото. Обидот на македонските политичари да градат идентитет на база на фалсификатите на комунистичката интернационала, а не на историската вистина, се против интересите на македонските граѓани кои навистина сакаат членство во ЕУ“, тврди Радев.

Бугарскиот претседател зборуваше и за Ванчо Михајлов, откако викендов во Битола беше отворен културен клуб со неговото име, а на отворањето присуствуваше бугарскиот државен врв, предводен од премиерот Кирил Петков.

„Ако зборуваме за фашизам, треба да е јасно дека Иван Михајлов е човекот кој му откажа на Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиваа и испраќаа десетици илјади во концентрациони логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Е тоа е вистински фашизам“, кажа Радев.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола кажа дека е провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и постигнување на договор, а со тоа и отворање на преговорите за земјава со ЕУ.

„Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој не претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото. Се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, кажа Ковачевски.

Македонија

Драма во Тетово: Физички напад со дрвени предмети и кражба на клуч од возило!

Published

on

„На 20.12.2024 во 22.25 часот во ПС Тетово биле задржани А.Р.(23) и А.Р.(43), двајцата од Струга, и Г.В.(48) од с.Велешта, кои во 16.35 часот биле лишени од слобода од полициски службеници од ПС Кичево, постапувајќи по пријава од А.Н. од Тетово дека тие физички го нападнале во близина на градскиот стадион во Тетово, а, според пријавеното, при нападот користеле и дрвени предмети и противправно му го одзеле клучот од неговото возило. Случајот се документира и против нив ќе следува соодветен поднесок.“

Continue Reading

Македонија

СИТЕ СЕ ЗДОБИЛЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ Тешка сообраќајка

Published

on

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

Возачите и сопатниците од две возила кои се судриле вчера на патот с.Стубол-с.Барберево кај Пробиштип се здобиле со тешки телесни повреди. МРВ информира дека несреќата била пријавена во 14:45 часот.

„На место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско“, стои во полициското соопштение.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

„Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип“, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

„АУДИ“ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ Возачот се здобил со тешки повреди

Published

on

Возило „ауди“ синоќа излетало од магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот.

„Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк