ЕУ: Гасете клими, работете од дома, помалку возете ДА ГО ПОБЕДИМЕ ПУТИН

ЕУ бара од своите граѓани да возат помалку, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската енергија.

Имено, мерките што ги смисли Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) можат да заштедат на просечно домаќинство до 450 евра годишно, пишува Би-Би-Си.

Според британските медиуми, купувањето на енергија од Русија ја одржува руската економија и ја финансира војната во Украина. Но, Европа тврди дека не може да најде алтернативни извори за снабдување со енергија.

Планот од девет точки, наречен „Јас го давам мојот придонес“, бара граѓаните да возат помалку со користење на јавен превоз, како и да работат од дома три дена во неделата.

Се очекува и во текот на зимата помалку да ги греат домовите, а во текот на летото да ги исклучуваат клима уредите. Исто така, се препорачува да се вози побавно на автопатите, да се вози без да се вклучи климата, да се користат возови наместо летови со авион и генерално да се користи јавен превоз, пешачење или возење велосипед.

Градовите, исто така, се повикани да воведат „недела без автомобили“, што некои веќе го направија.

„Соочени со ужасни сцени на човечко страдање по руската инвазија на Украина, луѓето во Европа сакаат да направат нешто“, рече извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.

„Овој водич носи збир на лесни чекори кои, со малку или без губење на удобноста на наша страна, го намалуваат протокот на пари кон руската армија и ни помагаат на патот кон почиста и поодржлива планета“, посочи тој.

Според буџетот на ИЕА, доколку сите граѓани ги почитувале овие препораки, би заштедиле 220 милиони барели нафта годишно, доволно за полнење на 120 супертанкери. Исто така, би заштедиле 17 милијарди кубни метри гас, доволно за загревање на 20 милиони домови, пренесува Би-Би-Си.