Connect with us

Македонија

Mитрополит Петар од „Св. Димитриј“: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Утрена богослужба на која се читаат Дванаесетте Страдални Евангелија, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.

-Отче, прости им, оти не знаат што прават! Денес се собравме во храмот не со цел да слушнеме нешто ново. Правдата секогаш е една, била и ќе биде. Ние се собравме, за да си спомнеме за доброволното страдање на Христа, да земеме учество во Неговото крстоносење, да се помолиме со Него за Распнувачите, плачејќи и жалејќи за своите гревови, кои сè, и остануваат главна причина за жртвеното истоштување на Спасителот наш Господ Исус Христос, истакна митрополитот г. Петар.

Пред верниците присутни во Храмот, митрополитот г. Петар нагласи дека причината за страшното и гревовно зло, Спасителот ја гледа во човечкото незнаење: „Не знаат што прават”.

–Секој од нас знае што прави, кога го умножува гревот. Знае, дека, со умножување на гревот, се крева против Самиот Бог, сака Него да го направи свој слуга, сака да го понизи, да го симни од Неговата глава венецот на вечната слава. Секој од нас знае, дека умножувајќи го гревот, прави зло, од кое се треси природата, како што се тресела тогаш, кога го видела распнат Творецот. Тогаш зошто Распнатиот говори, дека Неговите мачители „не знаат, што прават”? Тоа е нов доказ за Неговата љубов кон нас. Навистина, гревот се случува од незнаење и не влечи со себе. Првородниот грев го ослабил нашиот ум и волја, и секој направен од нас грев ги ослабува нив уште повеќе, така што е невозможно, човекот кој го умножува гревот, да си даде себеси, јасен отчет, за тоа што прави. Во тој момент човекот е подобро да биде во адот, отколку да направи грев. Така, браќа и сестри, не знаеме и ние на моменти, што правиме, кога си дозволуваме да направиме грев. „Оче! Прости им, оти не знаат што прават”. Во овие зборови нема само прозба кон Отецот Небесен за прошка на ослепениот од гревот род човечки, но и заповед за христијанската љубов, прогласена од Крстот, заповед да му простуваме на оној, кој нам ни причинува незадоволства, заповед на Новиот Завет кон непријателите, рече митрополитот г. Петар на Утрена богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг