Драчево денес го одбележува големиот јубилеј – 80 години од своето ослободување. На овој ден, 12 ноември, жителите и почитувачите на историското наследство се присетуваат на храбрите партизани кои со своите животи се изборија за слобода. Денот на ослободувањето на Драчево, воедно е и денот кога во селото Војница, велешко, се формира Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада, во далечната 1944 година.
„Чест ми е што денес ја откриваме оваа спомен-плоча, која ќе сведочи за храбрите македонски воини кои го положија животот за слободата на Македонија“, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на свеченото одбележување.
Пред точно осум децении, партизаните, меѓу кои и членовите на Четвртиот скопски партизански одред, со само 500 борци и ограничено оружје, одлучно тргнаа во борба за ослободување на својата татковина. Нивната борба започна во Драчево, а продолжи со ослободувањето на Скопје, еден ден подоцна, на 13 ноември 1944 година.
Првата битка за Драчево се одвивала на железничката станица, каде при нападот паднале многу храбри жени, деца и повозрасни луѓе, кои пожртвувано се бореле за слобода. Токму нивната храброст и посветеност спречила уништување на хидроцентралата Матка, која останала неурната благодарение на пожртвуваноста на борците.
По ослободувањето на Драчево, партизаните веднаш се упатиле кон Скопје, каде следниот ден ја добиле најтешката и најкрвавата битка, која го донела мирот на главниот град. Во овие борби животите ги положиле многу херои чии имиња засекогаш остануваат врежани во колективната меморија на македонскиот народ.
„Нивното херојство е аманет кој треба да го пренесеме на идните генерации. Нека им е вечна слава!“, додаде Ѓорѓиевски, потсетувајќи на значењето на нивната жртва за слободата што ја уживаме денес.
Спомен-плочата која денес беше откриена, ќе служи како траен потсетник на храброста и жртвата на македонските борци, и на значајната улога на Драчево и Скопје во борбата за слобода на Македонија.
Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.
Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
Вчера во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош привеле малолетник од с.Могорче, дебарско, со престој во Скопје и Е.Х.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени боксирач и два ножеви.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.