Connect with us

Македонија

Се јави Заев за 27-ми април: Се обидоа да ја завијат Македонија во црно

Published

on

„Чест ми да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно”, рече Заев по повод петгодишнината од нападот на Парламентот.

Тој рече и дека денешниот датум 27 април, затоа, е и симболичен датум да му ја честита победата на Макрон.

 „Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа”, порача Заев.

Македонија

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за град на културата за 2025 година

Published

on

Министерството за култура и туризам денеска го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.

На конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во градот Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14 часот.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.

Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините во државава.

Град на културата во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентира богата програма и издржан програмски концепт, со разни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници. 

Continue Reading

Македонија

Министерството за животна средина тврди дека системски и долгорочно работи на подобрување на квалитетот на воздухот

Published

on

Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека сериозно работат на унапредување на состојбите во заштитата на животната средина воспоставувајќи мултисекторски и координиран пристап.

„Приоритетите на оваа Влада се јасно зацртани и согласно приоритетите креирани се и буџетите. Дополнително максимално сме посветени на привлекување на меѓународни донатори и инвеститори за обезбедување на дополнителни средства за исполнување на зацртаните цели. Во националните еколошки закони не постои правна категорија даноци, туку зборуваме за надоместоци за животната средина предвидени во еколошките закони. Преку овие надоместоци за животна средина се прибираат средства во централниот буџет на Република Северна Македонија, освен оние што се уплаќаат на самофинансирачката сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). На сметка на МЖСПП се уплаќаат надоместоците за користење на моторни возила и пловни објекти, полагање на испити за управители со отпад, полагање на испити за оценка на влијанието врз животната средина  и стратешка оцена на влијание врз животната средина, надоместоци за биоразградливи кеси и поднесување барања за А или Б Интегрирана еколошка дозвола, за измени или пренос на истите, како и за редовен надзор на инсталациите“, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Оттаму додаваат дека сите собрани средства по овој основ се враќаат во животната средина и се распределуваа континуирано на годишно ниво преку соодветни програми и тоа: Програма за инвестирање во животна средина, Програма за водите, Програма за фосилни горива,  Годишна програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад.

„Овие програми се основа за континуирано и одговорно вложување во заштита на животната средина. Со јасно дефинирани намени за распределба на средствата, ние обезбедуваме не само финансиски ресурси, туку и конкретни дејствија за постигнување на одржлив развој, систематски напредок кон обезбедување чиста и здрава животна средина во интерес на сите граѓани. Но финансирањето во заштитата на животната срдина не се обезбедува само од буџетот на МЖСПП, туку преку низа други комплементарни активности преку други министерства во Владата. Обезбедување на чиста вода за секој граѓанин на оваа држава, како и воспоставување на системи за одведување и пречистување на отпадните води го сметаме за еден од врвните приоритети. Ваквите инфраструктурни проекти бараат мултисекторски пристап и имплементација преку повеќе ресорни министерства и институции, бидејќи е незамисливо во 21 век се уште да имаме населени места што немаат основна инфраструктура. Меѓу нив е и Министерството за животна средина и просторно планирање, а со обезбдување на овие основни потреби на граѓаните директно се влијае на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението на Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во врска со загадениот воздух велат дека системски и долгорочно работат на подобрување на квалитетот на воздухот.

„Во пресрет на грејната сезона вложивме интензивни напори во креирање на соодветни и применливи краткорочни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот за време  целата сезона како период од годината кога редовно се соочуваме созголемени концентрации на загадувачки сусптанции. На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на Република Северна Македонија, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции. Направивме виден напредок со изготвувањето на Наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање со што претходните мерки и препораки се пдигнаа на повисок степен и задолжителни. Исто така во подготовка е протокол за информирање при надминување на прагот на алрмирање во кој се јасно дефинирани обрските на вклучните институции за постапување и известување“, се додава во соопштението.

Исто така, МЖСПП континуирано го одржува Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух кој опфаќа 21 мониторинг станица и една подвижна распределени на територијата на целата држава.

Во текот на 2024 година се спроведе постапка за набавка на резервни делови во висина од 3.594.280,00 денари за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, со што ќе се овозможи сервисирање на дел од нефункционалните мерни инструменти.

Сервисирање и калибрацијата на инструментите, како комплексен процес за кој е потребно подолго време се спроведуваат континуирано. Дополнително во буџетот за 2025 година предвидени се средства набавка на нова мониторинг станица, која ќе се постави во Штип, со што ќе се финализира процесот на проширување на Државниот мониторинг систем.

„Во обезбедување на чист воздух не се располага само срества од буџетот на МЖСПП и на другите министерства. Голем дел од средствата се обезбедени преку меѓународни донатори и ЕУ. Во тек е имплементација на проектот ЕУ за чист воздух, во кој Европската делегација во нашата држава вложува 10 милиони евра за 4 града во државата што во изминатиот период забележаа најголеми скокови на концентарција на загадување на воздухот: Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Со проектот ќе се делува на намалување на загадувањето од системите за грење со замена на стари кои неефикасни котли  во 70 јавни установи, ќе се донираат 6 еколошки автобуси на Град Скопје, ќе се засадат 6.000 дрвни, ќе поддржи создавање на предуслови за проширување на централното греење во Скопје со изработка на Студија и набавка на инструменти за анализа на тешки метали во концентрациите на ПМ честички за Централната лабораторија. Исто така, во тек е и проект во соработка со УНДП  во кој се вложени 2.5 милиони американски долари за изработка на студии за пропорционирање на извори на загадување во споментите општини и ажурирање на локалните плановите за справување со аерозагадувањето во 5 општини: Струмица, Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга“, појаснуваат оттаму.

Голем одлив на финансиски средства има и за остварување на другите приоритети, како што е воспоставување на регионален систем за управување со отпад, решавање на историското загадување, заштита на природата и биодиверзитето и друга.

„Од тука неможе да стане збор за недоволен ангажман на државата во овој сектор. Од друга страна  заштита на животната средина не бара само финансии, туку бара и високо развиена свест и одговорен однос на сите нас. Работиме посветено со сите расположиви ресурси“, завршуваат од ова Министерство.

Continue Reading

Македонија

Гаши: На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22-ри ноември

Published

on

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши испрати честитка по повод Денот на албанската азбука.

-На Денот на албанската азбука се потсеќаме на овој историски момент, кој го означува крајот на Битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ. Како претседател на Собранието на Македонија, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење, пишува во честитката на Гаши.

„За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот идентитет, што ме прави горд. На сите Албанци насекаде низ светот, честит 22 Ноември“ – вели тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк