Connect with us

Македонија

Бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски

Published

on

Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.

-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.

Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.

-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта bgmkclub@gmail.com.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна

Published

on


Пријатно дружење со учениците од Шуто Оризари, од основните училишта „26 Јули“ и „Браќа Рамиз – Хамид“, со средношколците од „Шаип Јусуф“ и со студенти Роми.

Заедно го прославивме Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, бидејќи Ромите се неразделен дел од нашето државно и општествено ткиво и секогаш ќе останат.

Потребни се вистински, одважни чекори во одбраната на нивните права и подобрувањето на нивниот живот. Мора да добијат поголеми шанси на сите полиња оти во нив се крие многу енергија и креација.

Досега, ние им ја подадовме едната рака, но треба и другата, ако сакаме да бидеме подобри луѓе и да градиме општество на рамноправни граѓани. Без Ромите, нема успешна демократска македонска приказна.

Continue Reading

Македонија

Пандов: Во некои затвори повеќе од 50% од полицајците се корумпирани, што ја потхранува незаконската активност

Published

on

Директорот на Управата за спроведување санкции, Александар Пандов, смета дека проблемот со телефоните, дрогата и другите незаконски активности во затворите може да се реши, но само доколку има казна за корумпираните затворски полицајци кои, според неговите проценки, во некои затвори се над 50 отсто.

„Имаме работа со група вработени и затвореници поврзани во мрежа. Ако можеме дел по дел да ги отстраниме корумпираните во затворскиот систем, можеме да го решиме проблемот со телефоните, дрогата и другите недозволени предмети. Сè додека ги имаме и додека веруваат дека можат да се извлечат од тоа, ќе имаме телефони, лекови, нелегални предмети“, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

За споредба, тој нагласи дека во земјава за девет месеци се пронајдени околу илјада телефони, додека во Хрватска во 2023 година само 26 мобилни телефони, а во Косово 51 телефон во 2024 година.

,,Наследивме крајно корумпиран систем, но она што радува е што постои голема желба да се справиме со тој криминал“, рече Пандов.

Во однос на тоа дали би било подобро да се постават блокатори како решение за мобилните телефони, Пандов рече дека проблемот е што денес повеќето затвори се опколени со згради и доколку се постават блокатори ќе бидат блокирани и телефоните на граѓаните кои живеат или работат во овие згради.

„Во Хрватска нема заглавувачи, а во исто време нема телефони. Сите кои се долги години во затворскиот систем ме уверуваат дека нема подобра работа од рации“, рече Пандов. 

Continue Reading

Македонија

Петар Богојески избран за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Published

on

Почитувани пријатели, почитувани сограѓани, почитувана јавност,

Со особена чест и чувство на одговорност ве информирам дека ја примив Одлуката од страна на стручниот Управен одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која на Јавен повик сум избран на позицијата директор на оваа важна национална институција. Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми.

Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска.

Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите.

Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција.

Со почит,
д-р Петар Богојески

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк