Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје од 21 мај, објави порталот „Екс ЈУ авијација“.

„Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата Софија – Скопје беше најавена со фанфари, како „отстапка на бугарската страна“ и исклучително важен билатерален проект за поврзување на двете земји. Големиот проект на тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков беше прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во најавата Петков рече дека авиолинијата ќе биде „компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија“, бидејќи тие ќе ја финансираат.