Паника во Софија: Македонија им го крадела Јоаким Крчовски

Прогласувањето на Јоаким Карчовски за „прв просветител на Македонија“ е антиисториско и невистинито, вели историчарот проф. Пламен Павлов во интервју за БГНЕС.

Павлов тврди дека и самиот Карчовски изјавил дека пишувал на наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. стара бугарска норма. Целото негово дело и целиот негов живот е бугарски просветител“, вели историчарот и додава:

„Самиот Осоговски манастир отсекогаш бил центар на бугарската духовност не само во Кривопаланечкиот, туку и во целиот Ќустендил.

Ова не е прв ваков случај на кражба. „Пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчиновиќ. Сега имаме идентичен случај со Јоаким Карчовски.

Активностите и на Карчовски и на Пејчиновиќ ја надминуваат територијата на денешна Македонија и ги засегаат другите бугарски земји во западната бугарска земја“, вели проф. Павлов.

Според него, ова е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија.

Павлов ги повика Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите кражби на историјата. Тој изјави дека БПЦ не треба да го остави бугарското културно и духовно наследство во туѓи раце.