“Ако не можеш по магарето, удри по самарот”

Фејсбук објава на актерот Тони Михајловски во врска со скандалот со знамето на евровизиската претставничка.

“Ако не можеш по магарето, удри по самарот”.

Знамето прв пат го пониживме кога го сменивме ‘94. Потоа го газеа, го палеа, го кинеа, го плукаа и го понижуваа луѓе кои раководеле, раководат и ќе раководат со државата. Го извалкаа со криминал, корупција, лаги, измами и предавства тие што требаше најмногу да го заштитат. “И леви и десни, и тесни и бесни”. Тоа како младите ќе се однесуваат кон симболите на државата во многу зависи од односот на државата кон симболите. А тој однос е никаков. Впрочем како и кон сѐ. И како што им приличи на “јуначишта” сега ќе казнат дете на кое, од кога се родило, му ја уништуваат државата, образованието, му ја крадат иднината. Ќе казнуваат оние што имаа обврска да ги научат децата како се почитува знамето, а не го направија тоа. Оние што и самите би го продале за пусти пари. Што да очекуваш од тренирани магариња. Да го обвинуваат и казнуваат самарот.