Македонија
СКАНДАЛ со знамето, непромислен гест на претставничката на Евровизија!
Евровизија на која речиси никој во современа Европа не и придава кој знае какво значење третирајќи ја само како „три дена забава за милиони“, за нас како да е проколната. И тоа е така со години наназад, како некој да има фрлено некакво проклетство врз секој наш претставник, а и самата МРТ, како национален сервис кој е носител на овој проект. Нема година нам „најважниот музички настан во годината“ да не ни мине без скандали… И при домашните избори и при учеството на избраните претставници на Евросонг. Колку за пример, на пред неколку години на Лозано и Есма два пати им правеа ново видео,оти првото било скандалозно, лани Гарванлиев со бугарштината не знаевме дали ја претставува Бугарија или Македонија, годинава одново скандал со знамето…

Но едно е сепак сигурно: За се’ што ни се случува последни вината ја имаат оние што не претставуваат и на кои скандалите „случајно им се случуваат“, зашто се што се случува, ништо не е случајно… Се има свои корени, своја предисторија, своја генеза, која кулминира со идиотски потези, непромислени гестови, сканадлозно однесување, глупави, иритирачки изјави… И сето тоа заради немањето „чувство за осет“ за тоа што е патриотизам, што е национална свест, што е светост која не смее да се урива, која треба да се чува како капка вода на дланка, зашто за неа генерации претходно лиеле реки крв за да ја имаме. А ние, за жал и по 30 и кусур години независност ја немаме, зашто со истата таа светост некои во наше име се „ку*ваа“, ја продаваа за лични интереси, правеа суицидни компромиси, под плаштот дека „така мора“, то го бара светот, Европа, „Калето“… кој и да е.

И потоа по немоќта, на сцена стапува колективната апатијата, најмногу кај младите генерации на кои освен спортистите со своите спортски успеси, никој друг од оние што се најповикани, ниту им кажал, ниту им покажал како се сака татковината, како се „гине“ за државата и нејзините свети симболи: Името, грбот, знамето, химната…? Напротив, истите тие „светоста“ ја распродаваа како на сточен пазар, ги менуваа државните симболи онака како што другите ќе посакаат, оставајќи лузна на голото и ранливо национално ткиво, лузна која тешко, речиси невозможно е да се избрише… И потоа последиците се тука… Катастрофални, трагични, несфатливи… Потоа целата нација станува „инквизиција“ пишувајќи им пресуди на онаа што ги промашила зборовите во химната или на оваа што сега го фрлила македонското знаме на земја… Како и нема, кога не ги научивме дека химната е ода на припадноста, а не само таму некоја си обична песна како и сите други, дека знамето е симбол кој се вее и кога се гине и кога се празнува и кога се пее, а не само таму некој предмет во рацете, крпче со кое може „да се избрише“ подот…!

Фрлањето на знамето на евровизиската претставничка е дефинитивно само последица на тоа што никој во овие триесет години не ги учеше дека треба да си ја сакаме државата, дека татковината ни е втора мајка, дека знамето, грбот, химната се не само обелжја на државата, туку нешто најсвето што може да го има еден народ… Напротив, последниве години живееме во општество во кое оној кој ќе стави знаменце од државата во автомобилот или пак истетовира симбол поврзан со државата дека е ‘сељак’, дека е националист, дека е срамота да си патриот…“ – као што напишал еден од колегите новинари Васко Спасовски на својот Фејсбук профил, а многумина со истото се согласуваат споделувајќи слични содржини… Но, се чини доцна. Сега можеме да се занимаваме само со последиците. Причините, оддамна „ги пропуштивме“!

Затоа, тоа што Андреа го фрли знамето не е срам само за неа… Можеби дури и најмалку за „кутрото неуко и невоспитано девојче“ кое никој не го научил како треба да се однесува кога ја претставува државата… Ниту домашното воспитание, ниту образовниот систем на училиште, ниту протоколот во јавниот сервис -МРТ, никој… Скандал, срам и пораз е за сите нас, за цела една нација која молчечкум си дозволи децата вака да ни ги воспитуваат разно – разни „шарени министри“ и „политички квислинзи“.

Затоа, пред да ја обвиниме Андреа, која патем имаше доблест да се извини, најпрвин треба да се обвиниме себе си, со прстот на чело прашувајќи се: Како можевме да си дозволиме сите овие години, генерациите да ни ги воспитуваат „партиско-политички кловнови“? Сега за жал, го гледаме само циркузот! Во случајов, евровизиски!
Антонио Димитриевски за Вистина.мк
You may like
-
Горно Врановци и заборавениот хотел – Прозорец кон минатото на Македонија
-
На Бугаринот Виктор Стојанов изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија
-
Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)
-
Македонците наведени како посебен народ во Царска Русија: Објавени документи од 18 век
-
Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)
-
Училиште во Турција го доби името “Македонија” – како знак на благодарност за помошта дадена за справување со последиците од земјотресот (ФОТО)
Македонија
Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија
Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.
Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.
На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.
Македонија
Чучуљ: Комисијата за борба против корупција ќе постапува без разлика на политичката припадност
Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, истакна дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе постапува секогаш кога има основ за тоа, без разлика дали сигналите доаѓаат од власта, опозицијата или граѓански организации.
– Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, било да е од политички партии, здруженија на граѓани или медиуми. Ќе ги следиме сите јавни настапи и секогаш каде има основ за постапување, ќе постапуваме. Сепак, треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети за истраги се ограничени, појасни Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на „Сител“.
Во врска со најавите на опозициската СДСМ за објавување на снимки за наводни коруптивни активности на власта, Чучуљ рече дека Комисијата ќе ги разгледува сите случаи каде постои основ за постапување.
На прашањето за можноста да се ревидираат предметите од мандатот на претходната претседателка, Чучуљ рече дека нема потреба за тоа бидејќи сите одлуки биле донесени на јавни седници со мнозинство гласови. Дополнително, тој појасни дека распределбата на предметите е електронска и се врши според принципот на ротација, што ја елиминира можноста за влијание од страна на претседателот.
– Претходната претседателка ја смени распределбата на предметите во позитивна насока – по случаен избор, наместо по азбучен ред, што значи дека системот ги распределува предметите без влијание на претседателот, подвлече Чучуљ.
За својот избор за претседател и едногласната поддршка од пратениците, Чучуљ рече дека е изненаден и благодарен и ја гледа оваа поддршка како морална и професионална обврска да ја оправда довербата.
Тој најави и поголема транспарентност кон медиумите, со редовни брифинзи по една или две седници и подготовка на нова стратегија за соработка со јавноста.
Македонија
ПАРКИРАШ „САМО МИНУТА“? КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ – КАЗНИ И ЗА ТЕЛЕФОН!
Главната цел на проектот „Сејф сити“ е да се обезбеди што поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и на пешаците. Бројот на паднати опомени покажува дека граѓаните реагираат позитивно, вели Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје во интервју за порталот „Република“.
Тој најавува дека граѓаните со казната ќе добиваат и фотографија од прекршокот. Системот може да го слика и целото возило, може да го слика и горниот дел заедно со таблиците. Кога се поминува на црвено светло се снима задната таблица и ќе се гледа задната шофершајбна и моментот на поминување на црвено светло.
Топаловски потсетува дека жолтото светло не е за поминување, туку за возачот да се подготви да застане. Речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се вклучи жолто светло.
– Жолтото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку за да застанете. Ако вие како возач го забележите жолтото светло, немате да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолто и тогаш нема да ве регисрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба да се најде вашата таблица, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото го вика ако помине на жолто – објаснува Топаловски.
Нема можност за човечко влијание
Началникот објаснува дека системот Сејф сити е проектиран да не може врз него да влијае човечки фактор и сѐ прави сам. Внесува податоци, ја испраќа пораката, снима и го пакува во фајл.
– Нема можност човек да ве извади од систем за да не добиете порака и прекршочен платен налог – уверува Топаловски.
Тој потсетува дека законската регулатива за движење во градска зона е 50 и дека сите инженери проценуваат дека при таа брзина секоја реакција на возачот е благовремена и смртните последици се невозможни.

– За од 0 до 10 километри на час казната е 10 евра или на половина 5, или онаа што е над 10 километри на час до 30 е 45 евра. Тоа се казни за да ви текне дека правите грешка и дека таа грешка може да биде кобна. Сега само тестираме дали со 52 или 55 го добивааме нивото на безбедност. Ова и ние го знаеме и заедно со граѓаните планираме статистички да пресметаме и да објавиме кој систем на нивелација ќе го избереме. И камерите кои се нивелирани во Биро за метрологија покажуваа нивелација од еден до два проценти. Ги анализираме сите европски земји и заедно со граѓаните во една јавна дебата ќе одлучиме. Толеранција има и на сегашните радари. Да не се тревожат траѓаните, ова е тест фаза – вели Топаловски.
Ќе се казнува и за зборување по телефон
Тој вели дека ќе се казнуваат сите вообичани прекршоци што се прават во сообраќајот, како што се полукружно вртење, каде што не е дозволено, погрешно престројување, а понатаму ќе се воведуваат казни и за зборување на мобилен телефон. Началникот предупредува и да се почитува забраната за паркирање и застанување на сообраќајници на кои тоа е строго забрането.
– Ги замолувам граѓаните на тие места да не запираат и паркираат, макар и привремено затоа што има и други места каде што законски може три или пет минути да се застане. Системот понуди решение, а тоа се специјализирани полициски возила кои се опремени со камери кои се поврзани со системот „Сејф сити“. Во нив полициски службеник кој управува и полициски службеник кој го гледа мониторот, поминуваат по главните сообраќајници и ги сликаат сите возила кои се паркирани, а возачите пијат кафе. Додека го пијат кафето ќе им стигне порака дека штотуку им стигнал прекршочен платен налог. Тогаш ќе сфатат дека наместо да платат кафе кое ќе чини 1.500 денари ќе биде подобро да се паркираат на безбедно место и кафето да ги чини многу поевтино – вели Топаловски.
Ако баба лаже, снимката не лаже
По сторувањето на сообраќајниот прекршок во рок од 24 часа стасува порака. Возачот има рок да го отвори линкот. Ако не се отвори пораката за 24 часа, стасува нова која ќе го потсети дека има порака за која има рок од 8 дена да ја отвори.
– Кој ден и да ја отворите пораката од тој ден почнува рокот за приговор. Ако ја отворите пораката петтиот ден имате 8 дена да ја платите пола и да завршите или да се жалите дека не сте возеле вие, да го донесете лицето или да донесете изјава кој возел. Сето ова е во рокот од нови 8 дена. Жалбената постапка во судот за прекршоци е на товар на оштетениот. Вие треба да отворите приговор a наш е товарот за доказната постапка пред судот. Кога ќе се спореди снимката другата страна нема да има аргументи. Ако во рок од 8 дена не ја отворите пораката, во следната порака ќе ви стигне дека сте го изгубиле рокот за плаќање половина сума. Следните 8 дена ви се за плаќање цела сума или да вложите приговор кон МВР што оди во суд. Ако и во вторите 8 дена, не ја отворате пораката, тогаш го губите правото на првите 8 дена за пола сума, го губите правото на вторите 8 дена бидејќи не сте ја отвориле пораката, не се интересирате, ниту сте поднеле приговор. Во тој случај МВР преку системот на УЈП ќе ви ги одземе парите од сметка. Не се исплати за 5 евра или за 23 евра да влегувате во доказна постапка, да правите трошоци и на крајот да ви докаже судот дека ве има на слика, што е непобитен доказ. Треба да сфатите дека сте направиле грешка, тоа е идејата и да си речете од денеска ќе почнам да возам правилно. Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната – вели Топаловски во интервју за порталот „Република“.
Лани во Македонија имало 142 жртви во сообраќајот. Во првиот ден од тест фазата на системот „Сејф сити“ во Скопје беа регистрирани 110.000 прекршоци, а веќе вториот ден беа преполовени. Тоа значи дека граѓаните реагираат на промените и дека расте свеста за безбедноста во сообраќајот.
Трендинг
-
Република4 days agoТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА
-
Црна Хроника3 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Република5 days agoУтре големи прекини на струја во Тетово и тетовско
-
Црна Хроника6 days agoПолициска акција во Скопје – МВР со детали
-
Црна Хроника6 days agoСкандал во клиничкиот центар Тетово: Полицијата го истражува случајот
-
Магазин4 days agoРазрешена вековната дилема: Научниците конечно потврдија каде е погребан Филип Втори Македонски
-
Република3 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Република3 days agoДелови од Тетово и Брвеница утре без струја















