Ограбувач снимен од камерите на ЗОО Скопје (ВИДЕО)

Упади, обиди за кражби, обивање на живеалиштата и загрозување на безбедноста на животните од страна на одредени лица се случуваа во изминатиов период во скопската Зоолошка градина. Директорот Кристијан Стаменов денеска информираше дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина. Тој наведе дека вчера ноќта имало обид за обивање и насилен влез во благајната на Зоолошката градина, а претходно биле обиени неколку живеалишта на животни.

-По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09 мај во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната. Но, тој не успеал во намерата да ја обие благајната. Случајот го пријавивме во полициската станица Карпош, рече Стаменов.

Тој додаде дека на 10 април група од 12 лица неовластено влегле во градината 15 минути пред нејзиното затворање, по што веднаш била повика полиција да ги отстрани лицата.

-На 28 април, пак, од службите во Зоолошката градина е направен увид во живеалиштата на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта рече Стаменов.

Според него, се наликува на намерни саботажи.

-Треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, вели Стаменов.

Во градината сега е зголемено присуството на обезбедување во ноќната смена.

Видео:

https://fb.watch/cWtqNBMW6n/