“Црквата од Охрид”: МПЦ не смее да го користи термините Македонија и “македонска”, а некој дал писмено ветување за ова?

Црквата од Охрид: Македонската православна црква не смее да го користи името „Македонија“ или „македонска“, ова стои во оригиналното соопштение односно одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија. Во него се наведува дури и дека некој писмено ова го ветил.

За име на оваа црква го признава „Охрид“ (се мисли на подрачјето на нејзина јурисдикција само на териториите на државата Северна Македонија), како што на писмено и беше ветено на Вселенската Патријаршија и на нејзиниот примат, со исклучување на терминот „македонски “ или било кој друг дериват од зборот „Македонија“– пишува Вселенската Патријаршија.

Кој дал такво писмено ветување, не е јасно во ова соопштение од Патријаршијата. Овој дел од одлуката, случајно или не, не беше содржан во официјалното соопштение што синодот на МПЦ-ОА го објави во понеделникот. Портпаролот Светиот Синод, владиката Тимотеј, за Алфа вели дека тие не дале никакви писмени ветувања.

„Ние не се откажуваме ниту од името Македонска православна црква, ниту од Охридска Архиепископија! Ниту сме пишувале, ниту сме ветувале до Светиот Синод на Вселенската патријаршија дека се откажуваме од името“ вели Владиката Тимотеј за Алфа.
Во одлуката на Вселенската патријаршија се вели и дека Константинопол и остава на Српската православна црква да ги регулира административните прашања со црквата во Македонија, а тоа значи дека нашата Црква се уште не е автокефална.