ФОТО: На децата во болницата во Козле им дале мувлосан леб

– На пладне го донесоа лебот, за време на ручекот. Моето дете спиеше, и си реков да јадам додека спие. Кога го пробав лебот видов дека е мувлосан, веднаш го плукнав. Ја повикав жената што ја дели храната и ми се извини дека не видела. Донесе нов леб, јас секако не јадев. Не барам ништо освен детето да си го излечам! Среќа спиеше па не зема од лебот, подоцна дојдоа го собраа и си заминаа како ништо да не било, раскажа родителот кој сакаше да остане анонимен.

Директорот на болницата во Козле, Бесник Зеќири кој вели дека е запознаен со случајот при што договорил средба со претставници од добавувачката фирма за храна како и можни санкции.

– Не е дозволиво во здравствена установа да се случуваат вакви пропусти, особено во храната со која се хранат и дечињата. Нашата установа, Институтот во Козле има склучено договор со фирми кои носат храна за пациентите и истата е спакувана по сите стандарди. Рокот на лебот е со валидност до утрешниот ден, но внатре лебот е со променета боја. Веднаш исконтактирав со претставници на фирмата која ни доставува храна и договорив состанок уште утре. Ќе бидат превземени сите законски мерки за санкција и превземање на одговорност од страна на фирмата. Воедно им се извинуваме на пациентите кои се изложени на вакви несакани ситуации, вели Зеќири за Курир.