Connect with us

Македонија

Пица доставувач од ДУИ стана директор на Државна лотарија и финансира партиски портали

Published

on

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини ДУИ дека се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните.

Тој рече дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за директор на државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.

-вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој вцело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдите и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села.

Македонија

ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Ноќеска и рано наутро осум лица во Хрватска и во Романија, можно е и во Словенија, Унгарија и Австрија

Published

on

Објавата на директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост:

“Згрижени над 140 настрадани

Денес се згрижени над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4.

Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.

Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!”, стои во објавата на Сашо Клековски на социјалната мрежа Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати

Published

on

Драги и почитувани пријатели,
Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.
Панчо мил,Те молам не се предавај!!!!
Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.
Јавува на социјалните мрежи пејачката Ребека.

Continue Reading

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк