Скопјани револтирани: Се краде на грамажа на Зелено пазарче и Бит Пазар

Дел скопјани не се задоволни од услугите кои ги нудат пазарите. Велат дека често се случува продавачите да крадат на грамажа, да не дозволуваат сам да си избереш производи,а потоа да ставаат расипан зеленчук и овошје во кесите, а ова најмногу се однесува на Зелено пазарче и на Бит пазар.

Има и чесни препродавачи и произведувачи на зеленчук и овошје, но проблем се оние кои „ги скриле“ вагите за мерење, велат скопјани.

Еве ги нивните реакции:

-На сите пазари е исто. Се сеќавам дека порано вагите се изнајмуваа од пазарот и истите беа баждарени, ова сега кој со леген, кој со вангла, ама мора да те украде… На зелен пазар вагите не се на 0 туку 200 или 300 гр.почетно, вели еден скопјанец.

-Се расипа и Зелено пазарче и се повеќе почна да наликува на Бит Пазар. Да ти заокружат на цена и тежина, вели друг.

-Со години пазарував на Бит пазар ама од тоа не пипај и пола скапано што ќе ти стават се откажав. Веќе неколку години од маркети и пиљари пазарувам.

– Ги редат напред најубавите парчиња, а во кеса ти го става најголемото ѓубре, скапано, исушено, никакво, а ти наплаќа како за екстра производи. Тоа ми е најодвратно, најбезобразно и повеќе никогаш не купувам од такви. Па уште се навредени ако им кажеш дека ти ја наполнил кесата со роба која му е за фрлање. Секоја чест на исклучоците, чесни и фер пазарџии, ретки се, но за среќа ги има, вели една скопјанка.

Проблем е и што цените не се јасно истакнати за секој да може да ги види, туку мора да се прашува, па продавачот соопштува како ќе му текне.

Скопје инфо