Ахмети не знае колку заработил за 20 години – Прашајте ја жена ми, таа ги води финасиите

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше да одговори колку пари направил во изминативе 20 години како челник на партијата.

Тој го повика водителот да дојде кај него дома и да разговара со неговата сопруга, бидејќи таа водела грижа за финансиите.

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле, добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга бидејќи…“, одговори Ахмети.

На прашањењто зошто не одговара сега во студиото, Ахмети реча

„Јас не се занимавам со оваа работа, но колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, зборувајте со банките, правете го транспарентно…

Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран“, рече низ смеа Ахмети.

Тој ги повика медиумите дека треба повеќе да се борат против коруцијата и да истражуваат кој станал милионер и како.