Connect with us

Македонија

Ахмети: Не знам колку е цената на зејтинот, прашајте ја жена ми

Published

on

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше да одговори колку пари направил во изминативе 20 години. Го повика водителот да дојде кај него дома и да разговара со неговата сопруга, бидејќи таа водела грижа за финансиите.

-Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран, рече низ смеа Ахмети.Тој ги повика медиумите дека треба повеќе да се борат против коруццијата и да истражуваат кој станал милионер и како.

Македонија

Изет Меџити: Потребна е одговорност и превентивни мерки по трагедијата во Кочани

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, учествуваше во хуманитарната акција за собирање донации за семејствата на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Во интервју за Канал 5, тој истакна дека е неопходно да се преземат одговорност и превентивни мерки за да се спречат слични трагедии во иднина.

„Ова е голема трагедија, а што и да се каже, е премалку. Ова нè обедини сите, не само во земјата како заедница и општество, туку и во целиот регион. Никој не можеше да поверува дека за миг ќе згаснат животите на млади луѓе на возраст од 14 до 24 години. Треба да извлечеме поука од оваа случка, да се преземат мерки и да има одговорност,“ нагласи Меџити.

Тој додаде дека во краток временски период имало неколку слични трагични случаи, па затоа е неопходно темелно да се ревидираат дозволите и лиценците за да се спречат вакви ситуации во иднина.

„Државата донесе одлука сите министерства и градоначалниците да направат ревизија на сите лиценци и дозволи за да се делува превентивно. Јавното обвинителство и судовите ја вршат својата работа и одговорните ќе одговараат пред законот. Ова е порака до сите што имаат одговорност – да работат со поголема внимателност и одговорност во рамките на своите надлежности,“ рече Меџити.

Тој исто така информираше дека Министерството за животна средина и просторно планирање започнало инспекциски постапки и ќе изрече казни за неправилностите, притоа давајќи им на одговорните субјекти рок од 10-15 дена да ги отстранат недостатоците, без да се блокира системот.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски на Канал 5 во хуманитарни телефонски повици за Кочани

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се приклучи на хуманитарната акција на Канал 5 телевизија за помош на настраданите од пожарот во Кочани.

„Кочани е наша рана, Кочани сме сите ние и во ова сме заедно,“ порача Ѓорѓиевски, изразувајќи длабоко сочувство до семејствата погодени од трагедијата.

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во акцијата со јавување на телефонскиот број 02 30 91 560 или со донации преку бројот 143 400 и жиро-сметката на Црвениот крст.

„Во вакви моменти, најважно е да останеме обединети и да си помогнеме едни на други. Посакувам брзо закрепнување на повредените,“ додаде Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Затворени познати ноќни клубови: Строги мерки ги тресат угостителите

Published

on

Познатите затворени ноќни клубови Станица 26, Маракана, Балет, Пјур и Епицентар добија забрана за работа. Дирекцијата за заштита и спасување утврди дека не ги исполнуваат мерите за заштита. Според Телма, тие работеле без да ги почитуваат целосно безбедносните стандарди. Затоа, објектите остануваат заклучени додека сопствениците не ги отстранат недостатоците.

Извори од Телма велат дека затворените ноќни клубови немаат пломби на вратите. Сепак, тие се под клуч поради утврдени пропусти. Станица 26 има активна лиценца, но мора да достави дополнителна документација. Дирекцијата за заштита и спасување не открива целосен список на објектите. Тие само потврдуваат дека акцијата и проверките продолжуваат.

Премиерот Мицкоски најави мораториум на работа за објекти со недостатоци. Меѓу нив се и градинки и старски домови. За време на мораториумот на работа, тие нема да функционираат додека не се усогласат. Нејасно е колку долго ќе трае овој период. Исто така, не е познато дали ќе се суспендираат закони или законски акти. Дали сопствениците ќе добијат дополнителни казни останува под знак прашалник.

Недостиг на кадар во инспекторатите го отежнува спроведувањето на акцијата. Според годишниот план, Државниот пазарен инспекторат не предвидува нови вработувања. Нема ниту замена за оние што одат во пензија. Реформската агенда до јуни 2025 бара повеќе инспектори во пазарниот и трудовиот сектор. Дирекцијата за заштита и спасувањеисто така јавува за недостиг на кадар. Мицкоски тврди дека сè ќе биде завршено навреме. Сепак, институциите работат со ограничени ресурси.

Овие затворени ноќни клубови чекаат решенија за да продолжат со работа. Проверките не запираат, а исходот е неизвесен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк