Connect with us

Македонија

Левица бара слобода за Ламбе, ќе понуди да ги плати трошоците: Треба да се гони претседателот на здружението!

Published

on

„Единствен кој треба да се гони кривично е претседателот на здружението ‘Ванчо Михајлов’!“, смета Левица.

Од партијата додаваат:

„Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот, што го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, само потврди дека власта на СДСМ и ДУИ е во целосна служба на бугарскиот неоврховизам!

Потсетуваме дека Левица пред еден месец поднесе кривична пријава против претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”, поради „излагање на подбив на македонскиот народ“ и „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. За оваа кривична пријава, сè уште нема никаков одговор дали е поведена некаква постапка.

Повеќе од месец дена во градот на Стив Наумов, пред очите на целата јавност и органите на прогонот, незаконски и скандалозно функционира клуб кој го носи името на џелатот на македонската кауза!

Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!

Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Аламбаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната. Слобода за Ламбе Аламбаковски“.

Македонија

Нијагарините водопади вечерва во боите на македонското знаме во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Published

on

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади 15 минути ќе бидат осветлени во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

„Се надеваме дека ќе ни се придружите, застанувајќи во солидарност со македонската заедница, додека се сеќаваме и им оддаваме почит на оние што ги загубија животите, како и бараме брзо исцелување за сите поединци кои беа повредени и оние кои беа погодени. Соберете се со Македонците и другите членови на заедницата на статуата на Никола Тесла (6342 Нијагарините водопади, Онтарио L2G 724, Канада) пред настанот. Посебна благодарност до членот на Македонскиот придружник на ОМД и издавачот на Торонто Стар, Џордан Битов, за аранжманот на оваа илуминација“ соопштуваат од Обединета македонска дијаспора.

Continue Reading

Македонија

Аналитичарот и поранешен министер, Џевдет Хајредини, се одговори на обвинувањата од опозициските албански партии и некои колумнисти, кои тврдат дека во случајот со пожарот во Кочани се применува „селективна правда“ против Албанците. Тој истакна дека доказ за спротивното е притворот на поранешниот министер Крешник Бектеши. „Каква селективна правда може да постои, кога досега од вкупно 34 осомничени само 3 се Албанци?“ напиша Хајредини на својот Фејсбук профил.

Published

on

Аналитичарот и поранешен министер, Џевдет Хајредини, се одговори на обвинувањата од опозициските албански партии и некои колумнисти, кои тврдат дека во случајот со пожарот во Кочани се применува „селективна правда“ против Албанците. Тој истакна дека доказ за спротивното е притворот на поранешниот министер Крешник Бектеши.

„Каква селективна правда може да постои, кога досега од вкупно 34 осомничени само 3 се Албанци?“ напиша Хајредини на својот Фејсбук профил.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Андреј од ДНК сподели разговор со ќеркичката кој крши срца: „Мамо јас ти требам тебе, а ти мене“

Published

on

Недела по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу нив и Андреја Ѓорѓиески – Андреј од групата ДНК, неговата сопруга Наталија јавно ја сподели болката преку трогателен момент со нивната ќеркичка Јана.

На Инстаграм Стори, Наталија објави дел од разговорот со осумгодишната Јана, кој го скрши срцето на јавноста:

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто ЈАС ти требам тебе… А и ти ми требаш мене…“

Со тага, таа додаде: „Јана за 7 дена порасна како за 7 години.“

Андреј, кој важеше за голем хуманитарец и човек со огромно срце, загина додека се обидувал да спаси други деца присутни на настапот во дискотеката, покажувајќи јунаштво до последен здив. Зад себе ја остави сопругата Наталија, со која беше во брак речиси 10 години, и нивната ќерка Јана, родена на 29 ноември 2015 година.

Во минатото, во емотивно интервју, Андреј зборуваше за својата ќерка со огромна љубов:

„Јана во мене пополни еден празен дел и веќе во огледало не го гледам Андреја, туку сè повеќе ја гледам неа.“

Објавата на Наталија предизвика лавина од поддршка, солзи и сочувство на социјалните мрежи. Јавноста не престанува да му оддава почит на Андреј, кој со својата последна постапка остана симбол на храброст и љубов кон другите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк