Свирепо убиcтвo во Струмица – Убиeнo едно младо лице во Ново Село!

Вчера вечер околу во 19 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш”, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Според првичните информации, се работи за убиство на момче на околу 25 годишна возраст.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди. Увид на местото извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

МВР вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и најави информации за подоцна.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице.

Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители“, соопштија од Обвинителството.