Познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“, Александар Сарев почина вчера во Скопје на 86 годишна возраст, информира неговото семејство.
Александар Сарев е роден на 20-ти февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската музичка тема „Каде сте Македончиња“.