Connect with us

Скопје

„Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ – Трета парада на гордоста во Скопје

Published

on

Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи последната сабота од јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, велат организаторите кои за денес најавуваат прес конференција на која ќе бидат познати деталите за настанот. 

„Манифестацијата е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество”, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Скопје

Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

Published

on


Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец во центарот на Скопје повторно е вандализиран и целосно уништен од непознати сторители. Овој споменик е откриен на 30 јуни кога во Скопје се одржа првата светска средба на децата бегалци. Последен пат споменикот беше уништен во октомври 2019 година. Плочата ги прикажуваше жртвите од Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, пишува МКД.мк

„Ова е жален и вандалски чин врз споменикот на децата бегалци кој е поставен тука уште во 1988 година. Овој споменик е симбол на една голгота, на откорнати деца од родните огништа. Апелираме во МВР до и до министерот Панче Тошковски да ги преземат сите потребни мерки и да се најде сторителот“, вели Евгенија Николовска, претседателка на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија- Скопје.

Споменикот е посветен на егзодусот на над 20.000 деца–жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Извор: МКД.мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Ново поврзување во Драчево за подобра патна инфраструктура

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во населба Драчево интензивно се продолжуваат градежните активности за подобрување на патната инфраструктура. Во моментов се изведува целосно асфалтирање на нова улица, која за првпат овозможува директно поврзување на две значајни сообраќајни артерии – улиците „Румена Хаџипанзова“ и „Киро Фетак“.

Ова ново поврзување е во должина од околу 900 метри и ќе обезбеди големо сообраќајно олеснување за жителите на Драчево, како и за сите кои редовно се движат низ овој дел на општината. Ѓорѓиевски истакна дека зафатот претставува важен чекор напред во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура и дека е дел од пошироките напори за модернизација на Кисела Вода.

„Ова е само еден од многуте проекти што се реализираат во општината, а нашата цел е да ја трансформираме Кисела Вода во модерна урбана средина со целосно решена инфраструктура и поквалитетен живот за сите жители“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека локалната самоуправа продолжува со реализацијата на инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот на сите граѓани.

Continue Reading

Скопје

Не престануваат јавувањата за лажните сообраќајки, 77-годишен маж измамен со 1.300 евра

Published

on

На 7 април 2025 година, во 14:45 часот, во СВР Скопје бил пријавен случај на измама во кој 77-годишен жител на скопско село бил оштетен за сума од 1.300 евра.

Како што пријавил оштетениот, непознато машко лице му се јавило телефонски и го убедило дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која наводно прегазила неколку лица. Мошне вознемирен од тврдењата, човекот бил убеден дека доколку не уплати одредена сума, неговата ќерка ќе заврши во затвор.

Поверувајќи во кажаното, тој ги подигнал парите и ги оставил на однапред договорено место, како што му било сугерирано од страна на измамникот. Подоцна, откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека сè било лажна приказна и дека станува збор за класична измама.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк