Шанел, Гучи и Прада туби со бензин се појавија пред бензинска пумпа (Фото)

Кантички бензин со лого на најлуксузните светски брендови денеска беа поставени на повеќе бензински пумпи во Скопје. Центарот за современи уметности преку оваа инсталација наречена златен бензин ги искритикува енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните како и недостатокот на владини мерки.

ФОТО: Герила акција за енормните поскапувања на производите и енергенсите

– Цените на бензините и нафтените деривати се вивнаа во небо, како се одвиваат работите ќе се увериме во синтагмата дека ‘само небото е граница’. Последните неколку недели граѓаните на Македонија, но и пошироко, за еден резервоар плаќаат повеќе отколку што еден грам злато чини на берзите (околу 3600 денари наспроти 4-5000 денари колку што чини еден резервоар гориво). Всушност многумина се прашуваат дали во резервоарите точиме виски, парфем или гориво бидејќи литар гориво последниве недели е поскапо од литар вино и скоро дупло поскапо од литар боза, пиво или овошен сок.

Со оваа акција сакаме да ги потсетиме надлежните дека со укинувањето на мерките за намалување на цените на горивата македонските граѓани мака мачат да ги извршуваат секојдневите обврски а околу 100 000 граѓани се директно зависни (доставувачи, дистрибутери, таксисти) од цената на горивата.

Најавуваат и нови герила акции кои треба да упатат повик до Владата да преземе мерки кои ќе овозможат како што велат преживување на граѓаните.