Видео: Рама „шегобиецот“ за премиерот на „идната Западна Бугарија“, Ковачевски се смее!

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на самитот на Југоисточна Европа во Солун, истрча со недипломатска и недуховита шега, на која наместо политички да одреагира, нашиот Премиер се изнасмеа, што предизвика бура негативни реакции во јавноста.

Додека грчкиот премиер Мицотакис како домаќин на Шолц му ги претставуваше албанскиот и македонскиот премиер, Рама се вклучува во разговорот со неодмерена изјава посочувајки дека Ковачевски бил премиер на како што тој сакал да се пошегува „идната, идна Западна Бугарија“ … Но чудниот хумор на Рама наиде на силни критики во јавноста и кај опозицијата.

A на чудење на поголемиот дел од домашната јавност, нашиот премиер се изнасмеа на овој малициозен коментар на Рама.

Дополнително, оваа наводна „иронија“ на Рама, и смешкањете на истата на нашиот Премиер наиде на одобрување и грст медиумски статии кај бугарските медиуми.