Connect with us

Балкан

ВИДЕО: Се појави снимка од тешката автобуска несреќа на бугарските фудбалери

Published

on

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.

На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.

Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, беше најтешко повреден, но е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата.

Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.

Натпреварот од групата Ц од Лигата на нации меѓу Грузија и Бугарија е закажан за утре од 18 часот.

Балкан

Постојат огромни шанси: Овие пет градови во Европа можат да исчезнат во наредните 10 години

Published

on

Како да се сопре умирањето на еден град?

Неколку градови во Словачка се соочени со проблеми како демографска криза, миграција и економски недостатоци со што се погодени многу општини.

Некои градови се наоѓаат во исклучително лоша ситуација и буквално се во опасност да исчезнат од мапата на Словачка – планот за нив е да бидат целосно избришани од мапата или да бидат претворени во музеи на отворено.

Поддршката на малите градови и села опфаќа сеопфатни решенија во кои никој не е сигурен дека навистина ќе помогнат во обновата на овие места. Меѓутоа, доколку предложените чекори не се превземат, Словачка може да изгуби вредни делови од историјата и идентитетот.

Вложувањата во инфраструктура, поддршка на локалните претпријатија, подобрување на достапноста до превоз и создавање на можности за млади семејства, се некои од начините и клучот за нивно спасување.

Градовите кои се во опасност да ги изгубат сите свои жители во рок од 10 до 20 години се Червени Камењ, Хнуштја, Мездев, Велики Чичов и Добшина.

Вториот најмал град во Словачка, Червени Камењ, е загрозен поради малата популација. Иако е дом на единствениот Музеј на кукли и играчки, оваа туристичка атракција не е доволна да го сопре демографскиот пад. Доколку не се успее да се привлечат млади семејства и да се поддржи локалната економија, градот може да се соочи со мрачна иднина.

Хнуштја, во регионот на Банска Бистрица, пати од слични проблеми како Мездев. Младите жители заминуваат во големите градови како што се Братислава, Банска Бистрица или Кошице, кои се привлечни за младината. Резултатот е стареење на популацијата и депопулација на градот.

Continue Reading

Балкан

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија, загинала жена

Published

on

На патниот правец Прењас-Либражд се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувал македонски државјанин.

Според информациите на албанските медиуми, до несреќата дошло околу полноќ, а учествувале автомобил и камион.

„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Северна Македонија“, известува „Top Channel“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден. Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената брзина на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата.

Continue Reading

Балкан

Албанскиот премиер Рама ги избришал сликите со Сорос на социјалните мрежи

Published

on

Лидерот на Демократската партија Сали Бериша во објава на социјалните мрежи напиша дека премиерот Еди Рама ги избришал сите фотографии со Сорос од социјалните мрежи.

Бериша објави видео со Инстаграм профилот на Рама на кое се гледа дека ги нема сликите со Сорос.

„Куклата на Џорџ Сорос ги отстранува сите фотографии со Алекс Сорос на Инстаграм! Сепак, кај Алекс тие продолжуваат да стојат“, пишува Бериша.

Семејството Сорос кое беше блиско на Еди Рама во моментов е предмет на критики од новата американска администрација на Доналд Трамп.

Џорџ Сорос и неговата фондација се обвинети дека добивале огромни пари од УСАИД за разни сомнителни активности низ светот и во Америка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк