За смеење е хистеријата на некои лица во Скопје, вели Рама

Откако солената шега на Еди Рама за западна Бугарија предизвика бура негативни реакции во јавноста, Рама се огласи на Твитер.

-За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, стои во Твитер објавата на албанскиот премиер Еди Рама.