Ламбе е на СЛОБОДА, одземен му е пасошот

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски, кој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре влезната врата.

Не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари. Но, како што рече неговиот адвокат Дарко Стефановски за „СДК“, како мерка на претпазливост одземен му е пасошот.

Ламбе е осомничен за подметнување на пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а според полицијата, тој го признал делото.

Настанот се случи на 4 јуни, кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар, по што му беше одреден осумдневен притвор, кој потоа беше заменет со куќен притвор.