Connect with us

Македонија

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало

Published

on

На предлог на Министерството за економија, Владата на Македонија на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел- сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење  (без ладно цедено масло) се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо  и  до 5%  во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и  јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10%  во трговијата на мало“ кажа министерот Бектеши.

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк