Connect with us

Македонија

ДА ИНТЕРВЕНИРАЛЕ НА ВРЕМЕ БЕБЕТО ЌЕ ПРЕЖИВЕЕЛО: Обвинение против двајца гинеколози од Битола

Published

on

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што пак претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата.​

Македонија

Владата предвиде пари, ЌЕ ПРОДОЛЖИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Published

on

Премиерот  Христијан Мицкоски денеска информираше дека се обезбедени 120 милиони денари се со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Мицкоски посочи дека претходната Влада не предвидела средства за оваа намена во оваа година.

Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната Влада не ги предвидела овие средства нити потпишала договор, мислам дека се тоа 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Се што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме, граѓаните не смеат да трпат. Во рамките на нашите ингеренции се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има пренамена на средства.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје вчера испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Утре без струја: Планиран прекин во тетовско село!

Published

on

Утре, (среда) 25 декември 2024 година, тетовското село ќе биде без електрична енергија поради планирани работи на електроенергетската мрежа. Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот, соопштија од надлежните служби.

дел од с.Слатино

Continue Reading

Македонија

Физички напад и оштетено возило во Тетово: Уапсен 44-годишен тетовец!

Published

on

На 24.12.2024 во 05.45 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.К.(44) од Тетово, кој бил пријавен од Н.К.(38) од Тетово дека по кратка расправија физички го нападнал, а потоа со тврд предмет му го оштетил неговото возило. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк