Connect with us

Скопје

Тенџере со шпагети леташе низ балкон во Капиштец!

Луѓето кои поминуваа крај зградата „Рузвелтова“ бр. 2 во населба Капиштец и за малку ќе беа погодени со шпагети.

Некој од станарите во таа зграда, со балкон кој гледа кон паркчето зад зградата си го користи како контејнер и така реши да се ослободи од вишокот на шпагети. Луѓето кои седеа на клупите беа шокирани од несовесниот станар, кој откако си го фрли „ѓубрето“ си се прибра дома.

Во приземјето има ресторан и други претпријатија, што значи дека пред зградата често е прометно и само среќа им служело да таа порција шпагети не заврши над главата на некој слулаен минувач.

Како што велат други сведоци често се случувало да биде фрлено табла јајца, отпушоци од цигари, коски и други нешта.

-Веднаш после Велигден мене пред нозе ми падна цела табла со јајца, за малку ќе ме погодеше, рече една минувачка.

Оние кои се најдоа на ова место кога несовесниот станар реши да се ослободи од јадењето коментираа: „Кој вели дека во Капиштец живеат само граѓани?“, „Им се смеат на тие од село, а тие се поголеми граѓани од сељациве во Капиштер“, „Простаци“… се само дел од коментарите на граѓаните кои минуваат крај зградава или се релаксираат во паркчето со страв дека порција оброк ќе заврши над нивната глава.

Advertisement

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading

Република

Системот „Безбеден град“ ќе санкционира само сериозни прекршоци, најавува Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски нагласи дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. Според него, целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, потенцираше министерот.

Проектот „Безбеден град“ предвидува користење на современи технолошки решенија, камери и софтвер за следење на сообраќајот, со што ќе се подобри контролата и ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Министерството најави дека имплементацијата ќе оди фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, со цел граѓаните навремено да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг