Connect with us

Македонија

100 години од раѓањето на Александар Сариевски: Неговиот музички опус е дел од македонското културно богатство

Денеска се одбележуваат 100 години од раѓањето на Александар Сариевски. На 20 јуни во 1922 година во селото Галичник е роден Сариевски, македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“.

Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“. Бил и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“.

Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.

Сариевски починал на 19 декември 2002 година.

Advertisement

Македонија

Свечено отворен Лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра

На 8 декември 2025 година, токму на празникот Свети Климент, беше означен почетокот на ново значајно поглавје во афирмацијата на македонскиот јазик и културата во Европа. На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка, беше свечено отворен Лекторатот по македонски јазик – дванаесеттиот лекторат што Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ го воспоставува надвор од државата.

На отворањето присуствуваше делегација од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ составена од проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Кристина Николовска, директор на МСМЈЛК, и проф. д-р Звонко Танески – кој е назначен за лектор.

Проф. д-р Танески, со својата долгогодишна научна, преведувачка и културна работа во Словачка, одамна има изградено силни врски меѓу македонската и словачката културна средина. Неговото назначување за лектор претставува природно продолжение на оваа меѓукултурна мисија.

Отворањето на Лекторатот е важен исчекор за поголема видливост и промоција на македонскиот јазик, литература и култура во централноевропскиот академски простор. Истовремено, тоа значи и нов импулс за зајакнување на македонско-словачките академски врски и за проширување на нивната иднина.

Фото: Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Continue Reading

Македонија

Проблеми со „Безбеден град“ за возачите на лизинг возила

Казните што ги регистрира системот „Безбеден град“ кај возилата со црвени таблици најчесто завршуваат во лизинг компаниите наместо кај возачите, бидејќи тие се водат како официјални сопственици на автомобилите. Од повеќе лизинг куќи потврдуваат дека токму кај нив паѓа целиот административен товар и обврската да го идентификуваат вистинскиот прекршител.

Кога камерите ќе снимат прекршок – пребрзо возење, минување на црвено или друг сообраќаен пропуст – системот автоматски ја генерира казната на името на сопственикот на возилото. Кај лизинг автомобилите, тоа речиси секогаш е компанијата, а не лицето кое навистина било зад воланот во моментот на прекршокот.

Од фирмите велат дека мора постојано да ги следат казните, да ги контактираат клиентите и да прибираат податоци за тоа кој го управувал возилото, што го усложнува процесот и често предизвикува доцнења. Во меѓувреме, може да се промаши и рокот од осум дена за плаќање половина од изречената глоба.

Од МВР засега не најавуваат промени, оценувајќи дека системот функционира согласно закон – казната оди на името на формалниот сопственик, кој понатаму е должен да го пријави вистинскиот возач.

Лизинг компаниите, пак, инсистираат на појасни решенија и законски измени, со кои прекршоците регистрирани преку „Безбеден град“ побрзо би се пренасочувале до лицето што реално го сторило прекршокот.

Continue Reading

Македонија

Проблеми со казните откриени при тестирањето на новите црвени таблички преку „Сејф сити“

Во директно телевизиско гостување, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, фрли светлина врз задкулисните детали за новите, впечатливо црвени регистарски таблички на службените возила.

Томовски обелодени дека црвените таблички биле ставени на „жежок тест“ пред да бидат официјално пуштени во употреба, и тоа преку моќниот систем за видео-надзор „Сејф сити“ (Безбеден град)! По успешното „снимање“ на пробната фаза, најави Томовски, започнала и нивната изработка.

Но, токму тестирањето го извади на виделина неправилниот дел на системот, откривајќи неверојатен логистички прекршок. Имено, прекршочните пораки од „Безбеден град“ не стигнуваат директно до Владата, туку – до лизинг-компаниите од кои се набавени возилата!

„Тоа значи дека дел од казните, како на филмска лента, прво се слеваат кај нив, а потоа се пренасочуваат до СОЗР!“ – констатира Томовски.

Директорот Томовски е дециден: „Сметам дека треба да плаќа оној што го направил прекршокот, а не компанијата!“

Поради овој проблем кој ја комплицира наплатата, Томовски најави дека Владата итнo разгледува можни законски измени со цел да се стави крај на оваа бирократска патека на парите.

А што е со најавената идеја за инсталирање на ГПС-уреди за сателитско следење во службените возила?

Томовски сепак вели дека конечната одлука за оваа контроверзна мерка ќе зависи исклучиво од анализата на резултатите од „Сејф сити“ и реалните потреби на институциите.

„Ќе почекаме да видиме дали тоа навистина ќе биде неопходно“, заклучи Томовски, оставајќи ја можноста за тотална контрола отворена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг