Connect with us

Македонија

Одбиен францускиот предлог КАКО НЕПРИФАТЛИВ ! (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел на прес конференција го отфрли францускиот предлог.

-Северна Македонија и Албанија, како и регионот, не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка на ЕУ, која едноставно не успева да се искординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат, истакна претседателот на владата Ковачевски во Брисел.

-Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем, рече Ковачевски и се изјасни за францускиот предлог.

-Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македонија, изјави премиерот Ковачевски во Брисел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на Алфа телевизија говореше за францускиот предлог и рече дека тој предлог не требало да се најде на маса, а се нашол на маса затоа што неколку месеци претходно некој тајно го преговарал.

– Во тие преговори, тој што го преговарал практично се согласил со овој текст и сега наеднаш ние текстот го гледаме на маса, а тој што се согласил се прави дека не е од овде, дека нема очи, нема уши, нема ништо и вели јас ништо не сум добил. Ова е сериозен самит прво на Европската унија, таму треба да добијат кандидатски статус Украина, каде што дневно гинат по стотици и илјадници луѓе, која има илјадници километри граници која што има војна секојдневно, жалам за тоа што се случува, но исто жалам и за овие дома кај нас кои што 22 години чекаат и едно чудо генерации талкаат по Европа чекајќи европска иднина, се разочараа. Таа Украина, заедно со Молдавија кае што исто така имате релативно тензична ситуација, потоа ја имате Грузија и сега тие наеднаш треба да добијат кандидатски статус. Ова е сериозен историски геостратешки самит, ова не е било каков економски самит па сега ќе зборуваме за политиките или слично, имаме политичка тежина на овој самит и на нив им е потребен чекор и на Балканот, да почнат Македонија и Албанија преговори и сега, како ќе почне Македонија преговори ако видат дека во Бугарија не попуштаат бидејќи од таму таква е состојбата, притисокот ќе го направиме таму каде послабо,односно Македонија затоа што имаме министер кој што не го интересира состојбата за моето чувство, за вашето чувство – рече Мицкоски.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг