Connect with us

Македонија

ОД ПЕТОК: Струјата поскапува 7,4 проценти за домаќинствата

За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 процент.

-Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски.

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти.

Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број  компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг