Connect with us

Македонија

(Фото) Погледнете колку народ имаше на протестот пред Собрание

Published

on

И вечерва маса на македонски граѓани излегоа и кажаа ,,НЕ” за францускиот предлог.

Протестантите тргнаа од Владата на Македонија и пристигнаа пред Собранието, каде штотуку заврши и интонирањето на Химната на Македонија.

Во продолжение погледнете колку народ има пред Собрание. Ова се првични, фотографии од протестот.

Македонија

“Дрифтање” на кружен, додека седат на вратите: Дивеење со автомобил во Пробиштип (ВИДЕО)

Published

on

Телевизијата МНет објави видео од дивеење со автомобил на кружен тек во Пробиштип.

На снимката се гледаат неколку лица во автомобилот, а дел од нив седат на вратите, додека автомобилот “дрифта” околу кружниот тек во Пробиштип.

Дали возачите размислуваат за последиците од нивните непромислени акции?

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Македонија

Полицијата викендов напиша 1603 казни, најмногу за возење над дозволената брзина

Published

on

1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд.

Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177. Исто така во посочениот период, регистрирани се 138 прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола, потоа за некористење на сигурносен појас изречени се 95 санкции и уште 30 прекршоци за неносење заштитна кацига, како и 45 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.

Покрај ова во текот на викендот беа регистрирани 36 случаи на возачи кои што управувале под дејство на алкохол, деветмина минале на црвено светло, а евидентирани се и 14 прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот од сообраќај биле исклучени 47 возила од кои 36 заради тоа што биле нерегистрирани и 11 заради техничка неисправност.

Continue Reading

Македонија

Потресно сведоштво на докторката Тања Алексова која беше дел од транспортниот коридор за повредените од Кочани во „Пирогов“: Во Скопје имаше страшна тишина, како да имало апокалипса

Published

on

Докторите од Итната помош во Софија, Тања Алексова и Румен Гоцев, беа испратени во скопје, да помогнат со превоз на повредени во болницата „Пирогов“ во Софија, пренесува 21ТВ.

Сликите постојано ми се во глава, па дури и во моите соништа. И натаму не можеме да се соземам од она што го видов. Ќе треба време, изјави Алексова.

Од самиот почеток си го знаевме редот, се беше добро организирано. Не упатуваа километри од клиниката. Секој си го знаеше редот, изјави Гоцев.

Тие двајца пристигнале за три часа во придружба на полициско возило.

Во Скопје имаше страшна тишина. Како да имало апокалипса. Имаше организиран транспорнтен коридор низ улиците. Немаше луѓе, многу малку“, рече Алексова.

Нивната брза помош превезувала девојче од 16 години во многу тешка состојба.

Имаше изгореници од висок степен на лицето и горните екстремитети. Беше збунета, на моменти зборуваше и прашуваше како се нејзините пријатели. Ова е ризичен транспорт, имаше процедури кои мораше да ги направиме. Не требаше да застанеме, се работеше во движење, затоа што целта беше побрзо да стигнеме до болницата во Софија“, изјави Алексова.

Вториот вокал на бендот ДНК бил во амбулантата на д-р Гоцев. Имал изгореници на горниот дел од телото, и рече дека кровот му се запалил пред очи. Ништо не ја претскажало апокалипсата што се случила подоцна. Кога почнал да трча, се сопнал и паднал покрај вратата и го видел целиот ужас од дискотеката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк