HOBО ВИДЕО: СПАСУВАЊЕ НА ВТОРИОТ МАКЕДОНЕЦ, ИВАН ГО ПРЕЧЕКАА СО АПЛАУЗ

Медиумите во Грција, објавија видео од спа сувањето на второто момче од Македонија кое вчера исчезна во морето на Халкидики.

Тој беше спа сен, откако по повеќе часа поминати во морето бил забележан од брод кој пловел под знамето на Гибралтар и е во добра здравств ена состојба.

На пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните.

Според грчките медиуми станува збор за Иван, 30-годишникот кој вчера славел роденден.

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Македонија пристигнале на Халкидики.

Продолжува потрагата по третиот исчезнат човек.

Тројца Македонци вчера поладне славејќи роденден влегле во морето, но биле понесени од морските струи.

Веднаш била алармирана крајбрежната стража и почна потрагата по нив.

Едното момче на возраст од 25 години по два часа беше пронајдено вчера.

Η στιγμή που βγαίνει στην στεριά ο ένας από τους αγνοούμενους στην Χαλκιδική

30-годишниот Македонец беше извлечен од водите на морето, а беше пречекан со аплауз од новинарите на пристаништето.

Потрагата по третиот Македонец продолжува, откако вчера беше спасен уште еден 25-годишен државјанин на нашата држава.