Полицијата ги брани пратениците од народот што ги изгласал!

Траорно е денска пред Собранието на Република Македонија. Повеќе полиција од народ во моментов, покажуваат фотографиите на нашите репортери.

Дополнително секој пратеник кој денеска се наоѓа во Собранието со себе има по најмалку пет телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ, јавуваат некои портали.

Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.

Во исто време, додека пред собранието се собира голорак мирен народ да ја искаже својата непокорност, во Собранието се собираат народните избрници за обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Обраќањето на странскиот емисар е закажано во 13 часот, а обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.

Граѓаните пред Собрание повторно велат „НЕ“ на францускиот предлог.