Плодови на досегашните месец дена “европска патека”: Поделено општество како никогаш до сега, нарушени меѓуетнички односи, македонски јазик запишан како дијалект на бугарскиот јазик

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на неговиот профил на социјалните мрежи пишува за плодовите од досегашните месец дена, ова се факти, а вие радувајте се на зборови…

-нарушени меѓуетнички односи;

-поделено општество како никогаш до сега;

-повици за линч и политичко насилство;

-монтирани инциденти за нарушување на слобода на протест;

-нееднаков третман на граѓаните од државните органи;

-нарушување на слободата на мисла и говор со пријави за “говор на омраза”;

-македонски јазик унилатерално запишан во записник на ЕУ како дијалект на бугарскиот јазик;

-историска комисија за редефинирање како обврска на патот кон ЕУ;

-споделени и рецензирани учебници со Бугарија;

-рецензија врз државната поддршка на културата и творештвото во Македонија;

-табли, написи и ознаки на историски личности, настани и места рецензирани од Бугарија;

-уставна нееднаквост и потчинетост на Македонците;

-закани од лидер на владина партија кон Македонците;

-прекршена резолуција на Собранието на Република Македонија.

Ова се факти, а вие радувајте се на зборови…