Connect with us

Македонија

Црногорски пратеник ни изрази сочувство: Почивај во мир Македонијо, идна Јужна Бугарија

Published

on

Македонија се согласи да исчезне и да влезе во ЕУ како Јужна Бугарија!!!

Ова е ставот на црногорскиот пратеник Небојша Медојевиќ за последните настани на релација Скопје – Брисел – Софија.

,,За политичките елити во Македонија, лажното ветување за членство во ЕУ е поважно од националниот идентитет. Никогаш нема да влезете во ЕУ, а се што имаше продадовте!!


РИП Македонија”, пишува Медојевиќ кој е пратеник и лидер на Движењето за промени кое настана од организации на невладини активисти во Цена Гора.

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Македонија

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

Published

on

„Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година, вели метеорологот Славчо Попоски.


„Според ова, годинешното лето ќе биде далеку посвежо и поврнежливо, а секако, големи се шансите и за доцни мразеви во пролетните месеци, а да не не изненади и пролетен снег оваа година, во месеците Март, па дури и Април“, вели Попоски.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски заминува во САД каде ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе замине за САД каде што на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.

Мицкоски на 20 јануари, според владино соопштение, ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите Трамп медиа и Рампл.

Најавено е дека за време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер ќе се сретне со Хауард Лутник, ко-претседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

Од Владата посочуваат дека се можни и повеќе други средби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк