Оглас на годината: Се продава свадбената покана на Вељко и Богдана Ражњатовиќ

За свадбата на Вељко и Богдана и ден денес се зборува насекаде во регионот, а сега на еден српски сајт за продажба на различни работи се појави и нивната покана за свадбата направена во 2019 година.

Еден од поканетите гости кои се уште не е познат сега сака да профитира од нивната свадбена покана па истата ја ставил на продажба.

Продавачот во описот на огласот напишал зошто е толку посебна оваа покана и зошто треба да се купи.

-Поканата која ја добија гостите е многу гламурозна и со златни детали. Тоа што е посебно е посебниот мотив кој носи голема порака, а во прашање е дрво на животот кое се наоѓа на оградата на куќата која ја доби Вељко како подарок од неговите баба и дедо. Ова дрво од секогаш било симбол на нераскинливата врска на земјата и небото, како и синоним за сила, моќ, мудрост, виталност и стабилност, пишува во дел од описот на поканата.