Connect with us

Македонија

Сали: Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите!

Published

on

-Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите, изјави министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција во врска со објавената сторијата на ИРЛ за Клиниката „Жан Митрев“.

-Вашата жалба не е од медицински аспект, туку од финансиски аспект. Имате за тоа Финансиска полиција. Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи, не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа, исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни – рече Сали.

Македонија

Скандал во гостиварска џамија пред Бајрам: Лидер на македонските Турци ја обвини ИВЗ за понижување на турскиот јазик

Published

on

Скандал во џамијата во Гостивар: Лидер на македонските Турци ја прозва ИВЗ дека го дискриминира турскиот јазик

Инцидент со јасна етно-јазична димензија го одбележа денешниот верски настан во Саат џамијата во Гостивар, каде што верниците се собраа по повод Хетим Дова и обраќање во чест на покојниот Шакир ефенди Фетаху.

Една од најгласните реакции дојде од познатиот политичар и активист Ердоган Сарач, кој во објава на социјалните мрежи упати остри критики до раководството на Исламската верска заедница, обвинувајќи го актуелниот поглавар на ИВЗ Реис-ул-улемата Шаќир Фетаху за јазична дискриминација.

„Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани. Јавно реков: ‘Кажете барем две реченици на турски!’“, напиша Сарач на ФБ, додавајќи дека дел од верниците биле очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот.

Тој посочува дека ситуацијата дополнително се вжештила откако еден имам изјавил дека „овде има само месојади“, на што Реисот не реагирал. Според Сарач, таквиот молк ја легитимира дискриминацијата, а како одговор најави дека нема да присуствува на следната покана од страна на Исламската заедница.

„Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува“, напиша Сарач.

Исламската верска заедница засега нема официјален коментар по повод обвинувањата.

Извор: Expres.mk

Continue Reading

Македонија

Бајрамска порака од Реисот Шаќир Фетаи: „Нека е за многу години!“

Published

on

Реисот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ), Х. Хфз. Шаќир Фетаи, соопшти порака по повод празникот Фитер Бајрам. Во неа ја истакнува важноста на месецот Рамазан и значењето на постот како божествена обврска. Тој ја нагласи победата на доброто над злото, мирот над војната, солидарноста над поделбите, и човечноста над нечовечноста.

„Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, благодарни на Алах што ни овозможи да го доживееме. Постот ни беше извор на вера, морал, хуманост и солидарност. Фитер Бајрам е ден на радост, на зајакнување на љубовта и почитта, ден за помирување и помош на оние што имаат потреба,“ изјави Реисот Фетаи.

Во оваа значајна порака, Фетаи ги охрабри верниците да ги зајакнат своите врски со семејствата, да покажат љубов и почит, и да се грижат за заедницата. Тој исто така посака среќен Фитер Бајрам на сите верници и изрази надеж дека овој празник ќе биде за многу години.

Честитки за Фитер Бајрам од Реисот Шаќир Фетаи
Со чест и почит, Реисот Фетаи упати искрени честитки до сите верници, молејќи го Алах да ги прифати молитвите и постовите на верниците, наградувајќи ги за нивната посветеност.

Честит Фитер Бајрам за сите!

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Гордана Сиљановска – Давкова Присуствуваше на Одбележувањето на 80 Години на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Published

on

На 80-годишнината од постоењето на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, одбележан е еден долг и значаен период на духовно и културно обогатување. Оваа значајна институција, најстара и најбројна во градот, има издржано бројни предизвици и битки низ времето, но и ги презела одговорностите на негувањето на библиотечната култура и зачувување на книжевниот фонд.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, изрази почит и признание за библиотеката, која, како што рече, „е семејство на книгите“ и има останато верна на својата цел во континуираното ширење на читачките навики и културата на читање. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека дигитализацијата ќе биде клучна за проширување на пристапот до библиотечните ресурси и за пренесување на овие богатства во иднината.

„Читањето ми стана неизбежна потреба и нужност“, додаде таа. „Ние мора да ги поттикнеме младите да се вљубат во книгите, да им ги отвораме вратите кон светот на знаењето и фантазијата уште од најмала возраст.“ Претседателката ја подвлече важноста на создавањето на читачки навики кај најмладите и ја нагласи потребата од континуирана поддршка за овие иницијативи, истовремено поттикнувајќи ги сите да подаруваат и читаат книги, како начин за личен и колективен развој.

Делото на НУУБ „Св. Климент Охридски“ продолжува да биде стожер на културниот и образовниот живот на Битола, а во текот на следните 80 години ќе игра клучна улога во зачувувањето на македонското наследство и проширувањето на светските хоризонти на знаење преку дигиталната ера.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк