Connect with us

Македонија

Бујар Османи на Википедиа стана Бугар Османов!

Published

on

Политиката ги креира настаните но, потоа и настаните ги креираат политиката и политичарите. Во контекст за обидите за бугаризација на Македонија Википедија препознала дека новото име на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, во буграски амбиенст е – Бугар Османов и, како таков, под тој назив, е именувам македомнскиот министер за надворешни работи на сајтот на Википедиа каде се неговите лични податоци.

А како најголемо, и едниствено негово достигање во политиката Википедиа ја смета неговата посета – на Албанија: “На 26 ноември 2019 година, земјотрес ја погоди Албанија. Османи беше дел од делегацијата на албанските политичари од Северна Македонија кои го посетија епицентарот на земјотресот и изразија сочувство до албанскиот претседател Илир Мета“ пишува во Википедиа.

Македонија

ВИКЕНДОВ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА БИТОЛЧАНИ ДО СТРЕЖЕВО И ПЕЛИСТЕР

Published

on

Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не пресојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух.

Во текот на утрешниот ден, детално ќе бидат соопштени деталите околу превозот.

Во меѓувреме, Општина Битола редовно го следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во текот на вчерашниот ден, општина Битола веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2. Исто така, општина Битола веќе врши вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, казнување и опомена за горење на несоодветни опасни материјали, забраната за горење на отворено итн, согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби.

Continue Reading

Македонија

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Published

on

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието.

Тој, како што пишува, од првата плата во 2025 година си купил 50 знамиња со сонцето од Кутлеш, кои планира да ги дели бесплатно..
Па така, доколку сакате вакво знаме, потребно да пишете коментар на неговата објава по што ќе бидете контактирани.

„Денеска ја исплативме декемвриската плата за вработените во ЈП “Македонски Шуми”. Од првата плата во 2025 година обезбедив 50 вакви знамиња кои ќе ги донирам. Првите оние 50 кои ќе ми пишат коментар на оваа објава дека сакаат знаме, ќе бидат исконтактирани и ќе добијат знаме по пошта пратено на домашна адреса. *Трошоците за испораката се мои. Од следната РЕДОВНО исплатена плата во месец февруари ќе донирам уште 50 нови. Со здравје да си ја трошите платата колеги од ЈП “Македонски Шуми”, а сите оние кои ќе добиете знамиња во здравје, среќа и благосостојба да ги веете!“, пишува тој.

4NEWS.mk

Continue Reading

Македонија

Паднаа продавачи на фалсификати: Полицијата ги “чисти” продавниците во Тетово

Published

on

Вчера во периодот од 13.30 до 14.00 часот во централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во објекти за продажба на текстилна облека, сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. 

Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк