Connect with us

Македонија

Македонците да се извинат за депортацијата на Евреите од Македонија во логорите на смртта

Published

on

Колозова провоцираше во повеќе наврати во врска со македонско-бугарските односи, како и протестите против францускиот предлог и инцидентите за кои ги обвини Македонците кои протестираа, а сега со нејзиниот „историски проект“ бара Македонците да се извинат за погромот на Евреите во Македонија за време на фашистичката окупација од Бугарија на Македонија.

Колозова бугарските фашистички окупатори во Македонија ги нарекува администратори.

Еве ја целата објава на Колозова што ја пренесуваме од порталот Експрес:

„Сите потомци на некогашните кметови на „бугарската администрација“ кои и ден денес се дел од македонската политичка елита, а и сите ние како народ заедно со нив – поради пасивноста и непреземањето ништо за да се спречи депортацијата (посебно заспаните партизани од тоа време) – треба да се извиниме за депортацијата на Евреите. Бугарија, исто така, но не нам туку на Евреите од Македонија. Безобразно е ние да се изедначуваме со Евреите во тој период“, вели Колозова.

Македонија

„Ми го спаси животот“ – Јелена и Јован, пријателството што се роди во огнот

Published

on

Јован Костадинов, матурант од средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, се покажа како вистински херој за време на трагичниот пожар во Кочани, при што спасил околу дваесетина повредени лица. Иако млад, неговата храброст и несебичност се пример за човечност и солидарност.

„На почетокот мислев дека се работи за тепачка, но кога излезе црниот чад, сфатив дека е пожар. Не бев сам, имаше и други херои кои помагаа. Таа вечер никогаш нема да ја заборавам – беше полошо од хорор филм,“ раскажува Јован за МИА. Тој додава дека во тие моменти не мислел на сопствениот живот, туку само на тоа да помогне.

Една од повредените е и неговата другарка Јелена Арменска од Берово, која вели дека токму Јован ѝ го спасил животот. „Се спасив благодарение на Јован. Имало Господ – јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите, полицијата, обезбедувањето… сите помагаа“, вели таа.

Јелена прво била хоспитализирана на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа испратена на лекување во болницата „Ла Паз“ во Шпанија, каде поминала една недела. „Таму беше страшно, имаше млади на кои им беа направени пластични операции“, се сеќава таа.

Големата поддршка и солидарност не застануваат тука – компанијата „Зегин“, чииот сопственик Благоја Механџиски потекнува од Малешевијата, најави дека целосно ќе му ја покрие станарината на Јован, кој најверојатно ќе ги продолжи студиите во Скопје.

Во трагедија која ги потресе многумина, храброста и човечноста на младиот Јован остануваат светол пример за тоа што значи да бидеш херој – не со униформа, туку со срце.

Continue Reading

Македонија

Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места

Published

on

Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април).

Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините  и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).

Сето ова ќе биде проследено и со повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, а во овие делови снежната покривка понекаде ќе биде  и со висина близу, па дури и над 30 cм снег. Во градовите пак, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде таа ќе биде  и малку повисока.

Во останатите делови од Македонија снежната покривка ќе биде делумна  и многу мала, а во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и нема да ја има.

Што се однесува до Скопскиот регион, со овој ладен воздух од Сибир врнежи од снег ќе има особено на околните планини а потоа и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста слабо провејување на снег да има и во делови од пониските предели од котлината. И во Скопје  и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината со брзина од над 60 км/час).

– Ги советувам возачите, доколку патуваат низ планинските превои да бидат крајно внимателни, поради очекуваните обилни снежни врнежи и појавата на голомразица поради ниските температури на воздухот. Исто така, поради силниот северен ветер можна е појава  и на снежни наноси, вели Славчо Попоски.

Continue Reading

Македонија

Јелена Арменска: Се спасив благодарение на Јован

Published

on

Меѓу повредените во пожарот во Кочани е и Јелена Арменска од Берово која успела да се спаси со помош на Јован. Таа неодамна се врати од лекувањето во Шпанија и за МИА раскажа за кобната вечер, за херојството на нејзиниот другар Јован кој ја спасил, како и за помошта од полицајците и обезбедувањето на клубот.

– Се спасив благодарение на Јован. За среќа имало Господ, јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите и обезбедувањето цело време се трудеа, се сеќава Арменска на кобната ноќ.

Таа била првично однесена во комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а оттаму нејзиното лекување продолжува во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде останува една недела.

– Првите 10 минути бев свесна, потоа се онесвестив. Бев однесена на Токсикологија, па потоа на Карил, а од таму заминав во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде бев една недела. Таму беше страшно, имаше повредени на кои има беше направена пластична операција, раскажува Арменска.

Таа изрази благодарност до сите кои помогнале нејзината ,,голгота” да помине во најдобар ред, потенцирајќи ја и помошта од сопственикот на компанијата „Зегин“ Благоја Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата. Од оваа компанија најавуваат дека целосно ќе ја покријат станарината за младиот Јован кој најверојатно факултетот ќе го продолжи во Скопје

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк