Македонците да се извинат за депортацијата на Евреите од Македонија во логорите на смртта

Колозова провоцираше во повеќе наврати во врска со македонско-бугарските односи, како и протестите против францускиот предлог и инцидентите за кои ги обвини Македонците кои протестираа, а сега со нејзиниот „историски проект“ бара Македонците да се извинат за погромот на Евреите во Македонија за време на фашистичката окупација од Бугарија на Македонија.

Колозова бугарските фашистички окупатори во Македонија ги нарекува администратори.

Еве ја целата објава на Колозова што ја пренесуваме од порталот Експрес:

„Сите потомци на некогашните кметови на „бугарската администрација“ кои и ден денес се дел од македонската политичка елита, а и сите ние како народ заедно со нив – поради пасивноста и непреземањето ништо за да се спречи депортацијата (посебно заспаните партизани од тоа време) – треба да се извиниме за депортацијата на Евреите. Бугарија, исто така, но не нам туку на Евреите од Македонија. Безобразно е ние да се изедначуваме со Евреите во тој период“, вели Колозова.