Не бил Рашковски на сликата од Грција, ЧОВЕКОТ НАВРЕДЕН ДЕКА ГО СПОРЕДИЛЕ СО НЕГО

Рашковски сепак не бил на одмор во Грција. Човекот кој наликува на поранешниот генерален секретар на влада, чија фотографија кружеше по социјалните мрежи, го потврдил тоа.

Станува збор за скопјанец кој е навреден што е спореден со Рашковски, објави А1.он.

„А1он“ го потврдиле ова тврдење, откако направиле компарација на фотографиите каде се тврди дека е Рашковски, со јавно објавените фотографии на скопјанецот кој тврди дека е на нив.

Скопјанецот на социјалните мрежи објавувал фотографии од него и шаторот уште минатата година, а тие се јавно достапни.

Рашковски не смее да ја напушта Македонија бидејќи нема пасош, а неговиот адвокат Владимир ДОневски изјавил дека е лага информацијата дека Рашковски е на Халкидики.